Промовирани огласи »

Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат.

Во споредба со некои од најголемите светски економии, годишната инфлација во САД лани достигна 8,7%, во Јапонија 2,5%, а најниската стапка е забележана во Кина со 2,0%.

Најголем пораст на цените во ЕУ во 2022 година има кај трошоците за домување и храна. Потрошувачките цени за домување, вода, струја, гас и други горива минататата година забележаа досега најголем пораст од 18,0%. Следува транспортот со просечен пораст од 12,1%, а храната и безалкохолните пијалоци поскапеа во просек за 11,9%.

Во Северна Македонија, пак, според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во 2022 година изнесувала 14,2 отсто, додека индексот на цените на мало бил зголемен за 12,6 отсто. Најголем раст на индексот на трошоците на животот лани е заблежан кај храната и безалкохолните пијалоци, кои за една година поскапеле за 20,9 отсто.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за новите цени на горивата, па така од полноќ цената на дизелот ќе се намали за еден денар, а бензините за еден денар ќе поскапат.

Според РКЕ, се намалуваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, за 1,50 денари, како и на мазутот, за 0,321 денар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 83,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 98 85,50 денари, дизелот ќе се продава по 77,50 денари, екстра лесното за 76,50, а мазутот по 41,667 денари за килограм.

Со Одлуката н РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 отсто во однос на одлуката од 6.3.2023 година.

Како што информира РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684 отсто, кај дизелот намалување за 2,149, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079 и кај мазутот има намалување за 0,996 проценти.

Промовирани огласи »

Шпаркасе Банка е членка на австриската групација "Steiermaerkische Bank und Sparkassen" Graz, која претставува една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 2 милиона клиенти и околу 500 експозитури. Во Македонија групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе лизинг. Овие компании овозможуваат избор на широка палета на банкарски, лизинг и брокерски услуги. Моментално го проширува својот тим! Доколку сакате да бидете дел од тимот на Шпаркасе Банка аплицирајте!

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ – РЕСЕН
БЛАГАЈНИК – СОРАБОТНИК
СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ
САМОСТОЕН СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО КЛУЧНИ КЛИЕНТИ
СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБАТА – АЖУРИРАЊЕ НА КЛИЕНТСКИ СМЕТКИ
СОРАБОТНИК ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И ИЗВЕШТАИ ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ
САМОСТОЕН СОРАБОТНИК ЗА ТРАНСАКЦИСКО БАНКАРСТВО

Доколку се уште го немате пронајдено вашето идеално работно место, сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде зголемена за 2.175 денари, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. 

Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани. Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност - дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата, напиша Битиќи во објава на Фејсбук.

Во моментот во Владата се одржува Економско-социјалниот совет на чиј дневен ред е висината на минималната плата која досега изнесуваше 18.000 денари.

Секој момент се очекуваат изјави од владините претставници, синдикатите и работодавачите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »