Промовирани огласи »

Овие денови е навистина тешко да се издржи на работното место поради високите температури кои не прават нерасположени и без енергија.

Сепак, обврските чекаат на нас и нема простор за оправдувања. Вратете си ја концентрацијата и способноста за фокусирање со зголемување на енергијата на следниве начини:

  • Накратко поразговарајте на телефон со блиска личност

Доволно е да поразговарате неколку минути со саканиот, децата или верна пријателка за да ви се намали стресот, да ви се подобри расположението и да добиете нови сили за работа.

Без причина јавете се некому и разговорот ќе ви делува како енергетска бомба.

  • Каснете закуска во 15 часот

Луѓето најчесто се жалат дека ги напушта енергијата и концентрацијата во 15 часот попладне. Решение? Чувајте во фиоката непечени бадеми. Бадемите се богати со магнезиум и протеини коишто ја одржуваат енергијата стабилна.

За максимален ефект, најдобро е да ги комбинирате со овошен јогурт.

  • Напијте се чаша ладна вода

Ставете коцка мраз во водата и испразнете ја чашата. Дехидратацијата е чест и подмолен крадец на енергијата. Ниската температура на водата ќе го разбуди телото и ќе го фокусира умот.

  • Подигнете се неколку пати на прсти и истегнете се

Станете за момент, подигнете се неколку пати на прсти и протегнете ги рацете. На тој начин ќе си ја подобрите циркулацијата низ целото тело, а со тоа ќе ѝ кажете збогум на поспаноста.

  • Променете го ставот

Ако се движите низ канцеларија жалејќи се колку сте исцрпени, ќе изгледате уморно и потсвесно уште повеќе ќе си ја намалите енергијата. Не се предавајте при првите знаци на замор. Останете активни и позитивни.

  • Споделете шега или смешно видео со колегите

Групното смеење ќе ви го разведри расположението, ќе го елиминира стресот и ќе ви го покачи нивото на енергија. Шефот нема право да ви се лути.

Истражувањата покажуваат дека кратките забавни активности во текот на работното време всушност ја зголемуваат продуктивноста на вработените (тука спаѓаат и кратките посети на социјалните мрежи како Facebook).

Промовирани огласи »

Работодавците во САД во јуни имаа рекорден број на слободни работни места, што е знак дека растот на вработувањето од претходните месеци најверојатно ќе продолжи.

Американското министерство за труд соопшти дека бројот на слободни работни места пораснал за осум проценти, на 6,2 милиони, што е најмногу откако во 2000 година започна бележењето. Сепак, вработувањето е во пад, како и бројот на луѓе кои даваат отказ.

Судејќи според тие податоци, како што наведува АП, постојат многу слободни работни места, но работодавците имаат проблем да пронајдат работници со потребните квалификации.

Вообичаено е во таквите ситуации работодавците да понудат поголеми плати за да привлечат повеќе пријави и така да го забрзаат растот на платите. Сепак, јулскиот извештај на владата за трудот, објавен во петок, покажа дека платите не започнале да растат.

Најголем број на слободни работни места е во градежната и производната индустрија, финансиите, здравството и државната и локалната управа.

Промовирани огласи »

Две монети од САД со номинална вредност пониска од долар поради нивната необичност на аукција се продадоа за неверојатни половина милион долари.
Секако, не станува збор за вообичаени парички, туку за ретки кованици кои токму поради тоа имаат висока колекционерска вредност.

Едната монета е искована далечната 1972 година и е позната како Бирш паричка поради остатокот од гравурата на нејзиниот ковач. Сопственикот кој долго време ја има во свој посед не бил свесен за нејзината потенцијална вредност па ја продал за само 75 долари и пропуштил шанса да се збогати.

Втората монета е со ликот на претседателот Абрахам Линколн и датира од 1943 година. Таа не е толку стара, но е посебна бидејќи е искована во погрешен метал. За време на Втората светска војна во САД било забрането да се користат одредени метали наменети исклучиво за армијата, па така монетата наместо во цинк е искована во бронза.

Затоа доколку имате стари парички, особено од времето на Југославија или постари добро проверете дали имаат некаква специфичност која би им била од значење на колекционерите, па можеби ќе ја продадете за добри пари.

Промовирани огласи »

Микаила Улмер има само 12 години, но е милионерка и знае се за бизнисот со пчели!

Исто така е и главен говорник, филантроп, и сопственичка на фирмата  „Me & The Bees“ (Јас и пчелите) која произведува лимонада.

Се работи за пијалок кој девојчето го развило од рецептот на баба си кој датира од 1940 година, а од него направила национален бизнис.

Откако ја освоила првата награда и 60 илјади долари, во хит емисијата Shark Tank, посветена токму на претставување на нови производи, лимонадата на малата Микаила се наоѓа на полиците во 55 продавници од познатиот ланец  Whole Food, кој се занимава со продажба на органски производи.

„Работам после училиште и откако ја завршам домашната работа, а за викенд и целиот распуст сум посветена само на тоа“, рекла Микаила за Nbcnews.

Се почнало кога Микаила имала четири години, кога во текот на една недела два пати ја каснала пчела.

„Беше баш болно. И почнав да се плашам од пчели“, се сеќава девојчето во интервју за NBCBLK.

За да ја расположи, мајката на Микаила Деандра ја убедила да направат мала истрага на интернет и тогаш наишле на податок дека пчелите во наредните години можеби ќе изумрат.

Иако убодите ја болеле, Микаила ја фатило жал за вредните инсекти, па одлучила да почне да прави лимонада со мед наместо со шеќер и вештачки засладувачи. Во разговор со мајката, сфатила дека тоа е здрав избор за луѓето, а воедно и пчелите ќе се сочуваат од изумирање.

Освен што е вредна, ова девојче има и добро срце. Таа донира еден дел од своите приходи од продажба на локалните организации кои се залагаат за чување на пчели.

„Минатата година, пчеларите изгубија дури 40 отсто од своите кошници. Пчелите изумираат. Ако исчезнат целосно, на луѓето ќе им останат само четири години живот“, предупредува Микаила.

Малата претприемничка денес патува и држи работилници на кои едуцира како луѓето да ги сочуваат пчелите.

„Импресионирана сум како таа успева да ги заврши школските обврски кога патува толку многу. Има дарба за јавен говор, но она што сум најмногу горда не е само што е паметна и зборлеста, туку што е и добра личност и што е љубезна кон луѓето. Тоа е поважно од бизнисот“, рекла гордата мајка Деандра.

Микаила моментално се занимава со пронаоѓање на нови вкусови на својата лимонада, како би ги унапредила своите производи и продажба, а во јуни патува во Африка каде што ќе ги едуцира децата на свои години за претприемништвото.

Минатата година го запознала екс претседателот Обама, кога била гостин во Белата куќа на традиционална детска вечера.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »