Во рамки на овогодинешниот Job Fair организиран од студентската организација BEST, Singular ќе учествува со работилница на тема: The future of you: How to be outstanding at work.
Оваа работилница се фокусира на развивање на неопходни вештини кои на студентите ќе им помогнат полесно да се вклучат во процесот на вработување, како и да дојдат до посакуваната позиција. Работилницата ќе ја водат Јоана Темелковска, Talent Acquisition Specialist, и Ангел Филов, Tech Lead.
Дел од меките вештини коишто ќе бидат презентирани се флексибилност во организација на работата и менаџирање на времето. Дополнително, од технички аспект, студентите ќе научат да направат евалуација на клучни способности со цел соодветно да ја насочат и изградат својата кариера во ИТ сферата.
„Меките вештини се клучни за успешна кариера, но подеднакво важно е и студентите да добијат совети и насоки од технички аспект коишто ќе им помогнат да донесат одлуки за започнување, продолжување, па дури и пренасочување во рамки на својата ИТ кариера,“ вели Ангел Филов, Tech Lead.
Работилницата ќе се одржи во среда, 22-ри март во 12 часот во читалната на ФЕИТ/МФС. Регистрацијата може да ја направите на овој линк.
Singular присуствуваше и со свој штанд на Job Fair, каде што студентите имаа можност да се запознаат со претставници од компанијата и да дознаат повеќе за компаниската култура, достапните кариерни можности, како и за технологиите кои се користат при работата.
„Ни претставува огромно задоволство што повторно бевме дел од Best Job Fair каде имавме шанса да воспоставиме контакт со голем број на студенти и да поразговараме за нивните очекување од идното работно место. Истовремено се обидовме да го претставиме брендот Singular со својот автентичен, динамичен и прогресивен дух што се рефлектира во нашиот начин на работа и продуктно портфолио.“ вели Елена Михајлоска Димоска, Head of Communications & Employer Brand.
Студентите коишто го посетија штандот имаа прилика и преку забава да добијат награда со Singular’s Wheel of Fortune, што претставува само мал sneak peek на продуктите позади кои стои компанијата. Портфолиото на Singular вклучува софтверски решенија за игри на среќа, спортско обложување и гејминг коишто за брзо прераснаа во лидери во својата индустрија.
Во 2021, врвниот квалитет, како и посветеноста на тимот кон иновација и успех, овозможија Singular да се вклучи во интернационалната дивизија на Flutter Entertainment Plc. Групација е светски познат лидер во онлајн спортско кладење и гејминг во чие портфолио спаѓаат најиновативните брендови од овој сектор.
Аквизацијата донесе многу придобивки за вработените, меѓу кои развивање на својата кариера преку соработка со тимови од светски познати компании, бизнис патувања и работилници, размена на знаење и пристап до работни места низ сите канцеларии на Flutter во осум држави. Целосниот пакет на придобивки ќе биде наскоро објавен, со што Singular ќе се позиционира како пионер и поддржувач на работната култура што го подобрува балансот меѓу професионален и приватен живот.
Доколку сакаш да се приклучиш на тимот на Singular, посети ја нивната веб страна: culture.singular.uk