Промовирани огласи »

Германската влада постигна договор со Европската комисија во спорот околу забраната за производство на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, соопштија денеска претставници од двете страни.

Постигнавме договор со Германија во врска со идната употреба на е-гориво во автомобилите – напиша на Твитер потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

Сега ќе соработуваме за што побрзо усвојување на стандардите за јаглерод диоксид за регулација на автомобилите, а Комисијата потоа брзо ќе ги преземе потребните правни чекори - додаде тој.

Спорот меѓу Берлин и Брисел околу договореното отфрлање на ваквите автомобили се фокусираше на тоа дали производителите и по 2035 година ќе можат да произведуваат возила што ќе користат т.н. е-горива.

Германскиот министер за транспорт Фолкер Визинг, кој се заложи за промена, напиша дека „возилата со мотори со внатрешно согорување сè уште може да се пререгистрираат по 2035 година доколку се полнат исклучиво со горива со неутрален CO2“.

Промовирани огласи »

Стапува во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците.

Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа се: натпис “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, натпис “СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA E TRAFIKUT” “TRAFFIC POLICE”, амблем “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, амблем “ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA KUFITARE” “BORDER POLICE”, амблем во форма на штит со намалени димензии и метална ознака за шапка“, пишува во Уредбата.

Тројазични стануваат и амблемите на Единицата за интервентна полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лани најави дека најдоцна до март годинава униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година, изјави Спасовски.

Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.

Тој укажува дека оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но дека е во тек дебата за начинот како ќе биде спроведена, со оглед на бројните реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра. Спасовски вели дека се размислува и за друг, поевтин начин, односно за ставање налепници врз постоечките таблици.

Имаме ние формирано веќе работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со „Макамтранс“ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што впрочем е и со документите и ние мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните, вели министерот Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Промовирани огласи »

Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »