Промовирани огласи »

Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Промовирани огласи »

Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната  сезона. Летниот ред на летови започнува да се применува од ноќеска на полноќ. Од ТАВ Македонија за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.

„Lufthansa“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Croatia Airlines“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата Air Serbia, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.

Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.

Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, ТАВ Македонија очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од ТАВ Македонија. 

Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените работни позиции!

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОСНОВНИ СРЕДСТВА
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
ВИДЕО НАДЗОР – МОНИТОРИНГ
ЛАБОРАТОРИСКИ БИОХЕМИЧАР

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР ВО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПОРАЧКИ
ОПШТ РАБОТНИК
ПРОГРАМЕР – REMOTE
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 30 години искуство поминати низ константен раст и развој и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

СПЕЦИЈАЛИСТ ФАРМАЦЕВТ
ПСИХОЛОГ

ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста на градењето на врската помеѓу клиентите и кандидатите, што ни помага да создадеме одлични услови за вработување, а при тоа не компромитирајќи го квалитетот.

Моментално како активни се следниве работни позиции:

VIDEO NOTE TAKER (MEETING MINUTES)
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО
BUSINESS DEVELOPMENT EXECUTIVE (REMOTE)

Majorel дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка, CX за многу светски водечки брендови. ги сервисира клиентите ширум светот преку 82,000+ вработени, лоцирани во 45 земји на 5 континенти на 60 јазици.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И AНГЛИСКИ ЈАЗИК

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.

Моментално вработува:

ТИМ ЛИДЕР – ВИНИЦА
ТИМ ЛИДЕР ГОСТИВАР
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
ТИМ ЛИДЕР – КРИВОГАШТАНИ

Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.

Моментално вработува:

АГЕНТ/КА ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА

Гентерм е глобална, иновативна компанија –лидер во областа на термални технологии. Креира, развива и произведува уреди за греење, ладењеи вентилација за клиенти од целиот свет. Компанијата е препознатлива по вложувањето иновации, надградба и подобрување на термалната технологија на новорастечките пазари, а нејзините производи се користат најмногу во автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ЕЛЕКТРОНИЧАР
ПРОЦЕС ИНЖЕНЕР
РАКУВАЧ СО МАТЕРИЈАЛИ
ЛИНИСКИ ЛИДЕР HANCHO ACT EXTERNAL/ NEW TECHNOLOGIES
APQP ИНЖЕНЕР

Рагуза Груп е современ евент центар специфичен по својата локација и амбиент. Оплеменет е со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност со цел да ги дизајнира вашите најважни настани од животот. Прославете во уникатен простор и луксузен амбиент, совршено надополнет со прекрасниот поглед на Скопје.

Моментално вработува:

ПОМОШНИЦИ ВО КУЈНА
ШАНКЕР/КА
КЕЛНЕР/КА
ГОТВАЧ/КА

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Толку многу работи што треба да ги направите, толку малку време да ги направите. Но, животот станува помалку тежок кога сите  задачи, задолженија и одговорности се запишани по некој редослед. Кој метод е најдобар? Обидете се со неколку опции да видите кој метод на правење списоци ви помага да останете организирани. Еве паметни начини да ја организирате вашата листа со задачи.

Постојат практично неограничени начини да ги соберете сите работи што треба да ги направите. Апликации, календари, тетратки, планери... списокот продолжува. Можете да ги нацртате вашите задолженија во планер, апликација или празна тетратка. 

Најважните задачи што треба да ги направите секое утро или претходната вечер, наведете ги како приоритетни.

Понекогаш можеби ќе треба да комбинирате методи за водење списоци. Не заклучувајте се на еден метод што звучи убаво или што мислите дека функционира; прилагодете се на она што навистина функционира во вашиот живот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »