За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »ЗЕГИН ДОО како една од најуспешните и најголемите компании во Македонија, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш е во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Со цел зајакнување на нашиот технички сектор, имаме потреба од вработување за следната позиција:
Специјалист за основни средства
Потребни квалификации:
- Најмалку 3 години работно искуство во сметководство и финасии;
- Одлично познавање на финансиско и материјално сметководствено работење;
- Одлично познавање на MS Office и сметководствени програми ;
- Организациски и комуникациски вештини и способност за одредување приоритет;
- Аналитички вештини и способност за ефективно решавање на проблеми;
- Позитивен пристап, љубезност и учтивост.
Одговорности и задачи:
- Сметководствено евидентирање и контрола на влезни и излезни документи;
- Се грижи за точноста на прегледот на основните средства (ревалоризација и амортизација);
- Комуникација со клиенти и државни институции;
- Изработка и контрола на пописни листи на основни средства
- Изработка на финансиски извештаи
- Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот
Нудиме:
- Солидна плата по договор
- Опкружување кое поттикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина
- Пријателска работна атмосфера;
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Специјалист за основни средства на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »