Промовирани огласи »

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција и индустриски директори повикаа на шестмесечна пауза во напредниот развој на вештачката интелигенција додека не се постигнат заедничките безбедносни протоколи за таквиот напредок.

Од крајот на ноември, имаше голем напредок во вештачката интелигенција, поттикната од четботот ChatGPT-4, развиен од стартапот OpenAI, чие истражување е финансирано од милијардери како Маск.

Во писмото, објавено од непрофитниот институт Future of Life и потпишано од повеќе од 1.000 поединци, меѓу кои Маск, извршниот директор на Stability AI Емад Мостак, истражувачите од Deep Mind во сопственост на Alphabet и водечките научници за вештачка интелигенција Џошуа Бенџо и Стјуарт Расел, се повикува на прекин во напредниот развој на вештачката интелигенција, додека независни експерти не развијат, имплементираат и ревидираат заеднички безбедносни протоколи за такви откритија.

Моќните системи за вештачка интелигенција треба да се развиваат само кога ќе бидеме убедени дека нивните ефекти ќе бидат позитивни и дека нивните ризици можат да се менаџираат, се наведува во писмото.

Писмото доаѓа откако Европол, по истрагата за тоа како криминалците можат да ги злоупотребуваат големите јазични модели (LLM), како што е Chat GPT, во понеделникот предупреди за потенцијална злоупотреба на системот преку три области на криминални активности кои предизвикуваат најголема загриженост, „фишинг“, ширење дезинформации и сајбер криминал.

Маск, чија компанија Тесла користи вештачка интелигенција за системот за автопилот во возилата, претходно ја изрази својата загриженост за развојот на вештачката интелигенција.

Милијардерот беше еден од ко-основачите и раните инвеститори на Open AI, кој стои зад овој четбот, а според неговите тврдења, тој повеќе нема удел во компанијата и не е вклучен во нејзиното работење.

Во својата претходна објава на Твитер, Маск ја цитираше изјавата на GPT дека Chat е совршена вештачка интелигенција и не прави грешки и дека ако има грешки, тоа се должи на надворешни фактори, како што се проблеми со серверот, кориснички влезови, резултати на веб или мрежни неуспеси.

Сем Алтман, извршен директор на Open AI, компанијата што го создаде Chat GPT, не го потпишал писмото, според Ројтерс.

(Извор: Ројтерс, Танјуг)

Промовирани огласи »

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави предлог до Советот за доделување субвенции до 200.000 денари на граѓаните и такси превозниците кои ќе набават нови еко-возила на хибриден или електричен погон.

Градот Скопје се трудиме да биде модерен град во кој хуманото живеење и животната средина треба да бидат секојдневие. Советниците треба да гласаат за одлука за набавка на нови еко-возила на хибриден или електричен погон за граѓани и такси превозници.

Ова е пилот проект кој за првпат се имплементира во Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира до 200.000 денари по возило. Ова ќе придонесе да се намали аерозагадувањето и ќе го поттикне јавниот такси превоз, кажа Арсовска.

Промовирани огласи »

Honda повлекува повеќе од 330.000 возила бидејќи грејните подлоги зад двата странични ретровизори можеби не се правилно прицврстени, што може да предизвика паѓање на стаклото на ретровизорот и зголемување на ризикот од судар.

Моделите на Honda вклучени во повлекувањето се моделите Odyssey и Passport произведени помеѓу 2020 и 2022 година и моделите Pilot и Ridgeline произведени во 2020 и 2021 година, објави АП.

Како што јави Танјуг, Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите соопшти дека возилата не ги исполнуваат потребните услови кога станува збор за видливоста зад возилото.

HONDA RECALL: Honda is recalling more than 330,000 vehicles because the side-view mirrors could fall out and increase the risk of a crash. Impacted vehicles include recent model years of the Honda Odyssey minivan, Passport and Pilot SUVs. pic.twitter.com/z3aRyJbbkY

— CBS Evening News (@CBSEveningNews) March 28, 2023

Дилерите на Honda бесплатно ќе ги заменат страничните ретровизори на оштетените возила, а писмата за известување до сопствениците се очекува да бидат испратени на 8 мај.

Фото: Принтскрин/Твитер

Промовирани огласи »

Од почетокот на годинава заклучно со вчера од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) дадени се позитивни мислења за издавање работна дозвола за странец до Министерството за внатрешни работи за две лица од Непал, 10 лица од Пакистан, додека за Бангладеш нема поднесени барања, информираат од АВРСМ за МИА.

 Од Агенцијата за вработувањесе надлежна институција за издавање работна дозвола за странец кој го има регулирано престојот во државата по друг основ (освен вработување), со поднесување барање за издавање работна дозвола во АВРСМ - надлежните центри за вработување, давање мислење врз основа на искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во  Северна Македонија, во постапката за стекнување дозвола за привремен престој заради работа и издавање Потврда за регистрација на работата која ја вршат странците во државата, а за која не е потребна работна дозвола. - Оваа надлежност произлегува од Законот за вработување и работа на странци и Законот за странци, подзаконските акти кои ја доуредуваат материјата и Одлуката за определување на квотите на работни дозволи за странци, појаснуваат од Агенцијата за вработување.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, неодамна информираше дека од почетокот на годинава преку 3 000 странски граѓани добиле дозвола да работат во земјава, а годишната квота, како што посочи е 5 000. Според него, земјава планира „увоз“ на работна сила, а најмногу кадар недостига во туризмот и градежништвото.

На ваков начин, со отворање на нови работни места, со преквалификација и низ процесот на дуално образование ќе се подобри состојбата со пазарот на трудот и недостигот од работна сила. Долгорочното решение е доквалификација, реквалификација на нашите луѓе кои живеат тука и да се стекнат со нови вештини кои им се потребни на компаниите, вели Битиќи, според кого увозот на работна сила не е долготрајно решение, а државата прави напори да ја подобри состојбата со недостигот на работници. 

Да се либерализира пазарот на трудот и да се овозможи повеќе работа за странци бараат и од стопанските комори, а од Организацијата на работодавачи порачуваат дека размислуваат да „увезат“ работна сила од земјите кои имаат пониска просечна плата од нашата. Подолго време во земјава работат работници од Турција во делот на градежните инвестиции на турски компании и од Кина на изградбата на автопатиштата. Агенциите за посредување веќе почнуваат да нудат работници од Далечниот исток пред се од Пакистан, Непал и Бнагладеш, но за да дојдат во земјава неопходни им се околу 2 000 евра за пат, плус работодавачот треба да им обезбеди и место за престој.

Тие што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот, ќе го најдат патот, исто како нашите сограѓани кои веруваат дека поквалитетен живот можат да најдат во Западна Европа, вели Битиќи.

Според него, прашањата како што е увозот на работна сила, мора да се отвораат и да се разговараат, бидејќи е подобро да бидеме подготвени, отколку затечени од ситуацијата. Сепак, вели, долгорочните решенија треба да се бараат кај нашите граѓани кои мора да ја сфатат нужноста од преквалификација и доквалификација зашто некои работни места од пред 30 години, веќе не постојат.

Мора да сфатиме дека доживотното учење не е само на хартија и на зборови, туку треба да се докфалификуваме и преквалификуваме, да сме во тек со работните места кои се отвораат. Работни места кои постоеле пред 30 години, веќе ги нема, се бараат нови вештини и знаења. Владата никогаш не била тука да носи некого на грб, туку креира можности. Нуди законски можности, елиминирање на бирократските процедури, креира можности секој да си го најде местото. Веќе 3.000 и нешто од квотата 5.000 е затворена. Додека ние зборуваме приватниот сектор ги наоѓа решенијата сами, изјави Битиќи.

Според него, „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено. Тоа е пракса во сите земји.

Примарно е работната сила да се осигура од домашниот пазар, но, анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10.000 работници. Се уште не е дефинирано од каде би се увезувале работници, ниту се утврдени квоти. Во Владата е отворена дискусија затоа што тоа е актуелен проблем, вели Битиќи и додава дека смета оти првично за „увоз“ би требало да се „искористат“ луѓето од регионот.

Со неговиот став се согласуваат и од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) од каде барат Владата да го либерализира пазарот на трудот, да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји.

Состојбата со пазарот на трудот во Македонија е многу алармантна, бидејќи нашите млади заминуваат во странство. Приоритет на Владата треба да и биде да го либерализира пазарот на трудот со земјите од регионот што е веќе започнато со некои земји. Бараме тоа да се направи и со Косово и да ги елиминира бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји, вели претседателот на СКСЗМ Менди Ќура.

Тој посочи дека мора да се зголемат квотите за увоз на работна сила дури и од Азија, бидејќи има недостиг на работна сила во земјава особено во угостителството, туризмот и градежништвото. Пред тоа да се направимора да се искористат сите капацитети кои ги имаме во земјава.

Агенцијата за вработување треба да биде поажурна и тие што се пријавени  за невработени да се вклучат во работната сила и да се вработат во компаниите кои бараат работна сила. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале околу 15 илјади студенти, но за жал тие заминуваат во странство. Се согласуваме дека треба да расте минималната плата, но настојуваме да се зголеми и средната плата на 500 до 600 евра, а не просечната, за колку толку да се спречи одливот на кадри во странство, порача Ќура.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи недоамна во интервију за МИА посочи дека најголем проблем во реалниот сектор е недостаток на работници и неможноста да се најде квалификуван работен кадар иако во Агенцијата за вработување се уште има голем број на регистрирани невработени лица.

Но, тие невработени не сакаат да се јавуваат на огласите за слободните работни места, а од друга страна и покрај напорите на Владата преку активните политики за вработување тие не се јавуваат ниту имаат желба за преквалификација, што значи долгогодишните проблеми во системот на образование кај се продуцираа кадри кои не одговараа на нашето стопанство си го дава својот резултат. Значи, тие луѓе да речеме ако имаат завршено некој факултет, чекаат да се вработат според дипломата, за која што се школувале и не прифаќаат преквалификација или доквалификација за друго работно место, рече Димитров.

Ова,  како што укажа, значи дека ние само формално имаме невработени, а кога некоја фирма ќе отиде во Агенција за вработување и ќе бара 20 до 30 работници, не може да најде ниту тројца од соодветниот кадар.

Димитров предлага да се либерализира пазарот на трудот и тоа, како што вели, не мора да биде преку ноќ, туку постепено. Во државава, информира тој, има неколку агенции за увоз за невработени за вработување кои веќе имаат контакти и преговараат со странски работници кои се заинтересирани да работат во Македонија. Се разбира дека на тие луѓе кои ќе дојдат во Македонија треба да им се обезбеди место за станување, значи за живеење, да им се обезбедат минималните услови и да се вработат во нашите компании. Тоа веќе се случува во Хрватска,  во Бугарија, посочи Димитров, кој  од агенција од Скопје веќе добил понуда за работници од Непал.

 Таму има доволно заинтересирани луѓе кои имаат искуство со машини за шиење, бидејќи знае дека јас сум од таа бранша, па и ми понуди такво нешто, но сигурно некои разговарале и со други држави. Бангладеш, Пакистан, Флипини, Индонезија се држави кај што имаат трипати пониски плата од нашата и мислам таму може да се разговара, информираше Димитров.

Во Собранието минатиот месец беа ратификувани договорите за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од овој регион.

Со ратификацијата на договорите, што се поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија  ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.  Исто така ќе можат да добијат „Отворен Балкан“ број за идентификација на нивниот национален портал за е- Влада или на нивниот национален портал за електронска идентификација. 

Со ратификувањето на договорите се засилува конкурентноста во регионот, бидејќи компаниите ќе може да сметаат на работната сила на трите држави непречено, што ќе влијае и на конкурентноста на пазарот на трудот и растот на платите. Со тоа излегуваме во пресрет и на компаниите и стопанските комори од трите држави, кои очекуваа брзо спроведување на оваа мерка со која се либерализира регионалниот пазар на трудот, порачаа од Владата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »