Промовирани огласи »

Денешните млади професионалци се чувствуваат порешителни од кога било да ја најдат работа што ја сакаат. Тоа значи дека нема да се двоумат да заминат од работата која не им го овазможува тоа се додека не ја пронајдат работната средина која им одговара.

Технологијата овозможи непрекинато барање работа. Поради ова, професионалците за човечки ресурси секогаш бараат начини да ги задржат вработените.

Во продожение неколку начини како да го задржите својот тим на вработени:

  • Обезбедете нови можности за раст. „Растот на кариерата“ е витална грижа за денешните врвни таленти. 
  • Плаќајте им на вработените онолку колку вредат. 
  • Дајте приоритет на здравјето и благосостојбата на вработените. 
  • Ставете се „во чевлите“ на вработените. 
  • Редовно давајте им пофалби на вработените за одличната работа.

Велат дека тимот што победува не се менува, доколку навистина имате вработени кои ги исполнуваат стандардите и дадените задачи ги извршуваат со голема посветеност, на вас преостанува истите да ги задржите со што ќе имплементирате начини на функционирање и исполнување на нивните очекувања, благосостојба каде што ќе допринесуваат посебно за компаниската култура и имиџ.

Промовирани огласи »

Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зелечнукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм.

Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела.

Договорено е да се направи мала корекција на цените, имајќи предвид дека трговците веќе почнале да пријавуваат увозни цени кои кореспондираат со тоа што се дава како фактури во другите држави. Генерално, увезуваме од Турција, Грција, Албанија и Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, во вторник Владата ќе ги коригира замрзнатите цени и ќе има кај одредени производи многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но, никако нема да има цени како сега или пред 10 дена, од 130 до 150 денари. Ниту еден од производите кои беа наведени во одлуката за замрзнување на цените нема да има повисока цена од 100 денари за килограм. Ќе има мала корекција само во делот на доматите и краставиците зашто нема веќе увоз од Турција и од Грција каде што има поголемо производство на овие производи. Генерално, до крајот на месецов увоз се врши од Албанија и еден мал дел од Србија, заради тоа што во Албанија еден месец однапред излегуваат овие производи, рече тогаш Бектеши.

Тој повтори дека нема да се толерираат маржи од 100 или 200 отсто. Ќе продолжат, напомена, и контролите за тоа како е реализиран увозот на овошје и зеленчук последните месеци.

Последните податоци што биле анализирани со увозниците покажале мало зголемување на увозните декларации на некои производи. Според тоа, истакна Бектеши, би требало да се коригираат и замрзнатите цени.

Корекцијата ќе биде процентуална во зависност од зголемените трошоци за увоз прикажани во Царината од 28 март до денеска. Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално ќе се намали цената на тој производ, а ако е истата, ќе остане иста цената, објасни Бектеши по средбата со увозниците во петокот.  

Со Одлука на Владата од 5 април се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Според Одлуката, килограм свежи домати може да чини максимум 70 денари, килограм краставици 75 денари, килограм кромид 60 денари, килограм карфиол 70 денари, килограм свежи зелени пиперки 90 денари, килограм грав 75 денари, килограм леќа 110 денари, килограм банани 70 денари, килограм портокали 55 денари, килограм мандарини 60 денари и килограм лимони 55 денари.

Претходно беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот, додека цената на белиот и на полубелиот леб до 450 грама е замрзната на 33 денари. 

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk беше во посета на канцелариите на Webhelp, каде што имавме прилика да разговараме со Лилјана Секуловска – Site Manager во Webhelp.

Webhelp е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители. Компанија која работи под мотото „луѓето пред се”, уште еднаш се проширува низ Балканот, но овој пат носејќи нови можности во нашата држава. Сите млади кои го зборуваат германскиот јазик, ќе ја имаат уникатната шанса да научат и да напредуваат брзо во нивната кариерата и тоа преку работа со меѓународни брендови како дел од високо професионален тим.

Webhelp како компанија секогаш е фокусирана и дава најголем приоритет на квалитетната и професионалната работа. За да постигне највисокото ниво на професионалност, нивниот тим поминува низ различни видови на внатрешни тренинзи.

Погледнете го видео интервјуто со Лилјана Секуловска - Site Manager во Webhelp. Разговаравме за компаниската атмосфера, каква култура се гради во нивните канцеларии и за принципите на работа. Дефинитивно, Webhelp е компанија која дава одлични услови за работа и има супер пријателска атмосфера за работење и напредок!

Дознајте повеќе детали од видео интервјуто:

Промовирани огласи »

LiveDOOH Signkick е иновативна технолошка платформа која им помага на сопствениците на медиуми надвор од дома да го револуционизираат начинот на кој се поврзуваат со огласувачите.

Моментално вработува:

CLOUD INFRASTRUCTURE / KUBERNETES ENGINEER
DEVOPS ENGINEER
TECHNICAL SUPPORT ENGINEER

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »