Промовирани огласи »

Џеј. Пи. Ливингстон од Њујорк го привлече вниманието пред помалку од една година, откако беше објавено дека на 28-годишна возратс со паметно инвестирање заработила неколку милиони долари.

Ливингстон сега повторно е во центарот на вниманието со највата дека „заминува во пензија“. 

Таа дипломирала на Харвард во 2009 година и успеала да се вработи во инвестициска компанија, што и било животна желба. Таму го стекна потребното знаење и искуство, кои и донесоа големо богатство по само неколку години работа.

Нејзиниот живот се сменил по посетата на еден будистички храм на Тајван, каде сфатила дека за среќа не е потребно многу, па почнала да применува минималистички пристап на животот. Тоа значело штедење кое подоцна ќе и донесе големо богатство преку инвестиции.

По враќањето од Тајван таа одлучила да го смени својот живот, па неколку години ги поминала работејќи како финансиски експерт, додека од друга страна го зголемила штедењето.

- Ако се инвестира паметно, настапува момент кога тие инвестиции почнуват да се враќаат. Својот прв милион го заработив сама кога имав само 26 години. Таа година ми се повратија 13 отсто од вложените пари. Заработував 130 илјади долари без оглед на тоа дали работев, се излежував на плажа или играв видео-игри, појасни таа.

Денес, таа живее мирен живот во мал стан со сопругот и домашно милениче, а нејзината необичност лежи во тоа што стана пензионерка и милионерка на 28 години.

Промовирани огласи »

Кога станува збор за капитал, најчесто размилсуваме за пари и недвижнини. Меѓутоа, во бизнис светот на капиталот се гледа малку пошироко.

Во капитал спаѓаат и интелектуалниот и човечкиот капитал на бизнисот кои се уште поважни од недвижниот капитал.

Финансискиот капитал не значи и по автоматизам успех на бизнисот без следните два – човечкиот и интелектуалниот капитал. Една од поголемите грешки е кога се фокусираме на подобрување само на финансискиот капитал без останатите.

Можеби затоа што најлесно е да се анализира бидејќи имаме готови алатки како анализа на готовински тек, анализа на добивка и загуба, финансиски извештаи итн.

Човечкиот капитал се луѓето кои работат во самиот бизнис и акумулираното знаење и вештини за исполнување на задачите во тие луѓе.

Интелектуалниот капитал претставува интелектуалната сопственост на бизнисот како што се правила, процедури, однесувања, организациска култура.

Овој капитал се однесува на прашањата како го искористуваме човечкиот и финансискиот капитал, односно како го искористуваме знаењето, искуството и вештините на луѓето и парите за развој на нашиот бизнис.

Промовирани огласи »

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапеа за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,58, односно 2,28 отсто. 

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 48 денари за литар. 

Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот М-1 НС поскапува за 0,516 денари за килограм и ќе чини 24,197 денари. 

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,89 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,97 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Малата пивара од Ново Место во Словенија „Комунајзер“, на пазарот лансираше мала серија на светло пиво „Тито“ и горко пченично пиво „Јованка“, што во Словенија отвори полемика дали треба некогашниот југословенски претседател да се „слави“ и од каков карактер било неговото владеење.

Имено, оваа пивара на Фејсбук профилот објави фотографија од овие две пива во трговскиот ланец Лидл и се пофали дека добро се продаваат.

По повод „Денот на пивото“, пред неколку денови, овие пива беа дел од презентацијата „kraft“ која опфаќа околу 50 мали серии кои ги нудат микропиварите во Словенија.

На обвинувањата дека сака да ги развесели југоносталгичарите, Лидл соопшти дека не сака да ги подига политичките емоции помеѓу потрошувачите и дека не сака политика во својата работа, бидејќи кај нив купуваат и „леви“ и „десни“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »