Промовирани огласи »

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапеа за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,58, односно 2,28 отсто. 

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 48 денари за литар. 

Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот М-1 НС поскапува за 0,516 денари за килограм и ќе чини 24,197 денари. 

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,89 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,97 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Малата пивара од Ново Место во Словенија „Комунајзер“, на пазарот лансираше мала серија на светло пиво „Тито“ и горко пченично пиво „Јованка“, што во Словенија отвори полемика дали треба некогашниот југословенски претседател да се „слави“ и од каков карактер било неговото владеење.

Имено, оваа пивара на Фејсбук профилот објави фотографија од овие две пива во трговскиот ланец Лидл и се пофали дека добро се продаваат.

По повод „Денот на пивото“, пред неколку денови, овие пива беа дел од презентацијата „kraft“ која опфаќа околу 50 мали серии кои ги нудат микропиварите во Словенија.

На обвинувањата дека сака да ги развесели југоносталгичарите, Лидл соопшти дека не сака да ги подига политичките емоции помеѓу потрошувачите и дека не сака политика во својата работа, бидејќи кај нив купуваат и „леви“ и „десни“.

Промовирани огласи »

Голем број кобри, кои за време на обилните дождови и невремето, „окупираа“ училиште во градот Багаха во североистоичната индиска држава Бихар, повеќе од една недела држат 800 ученици и нивните наставници надвор од тој објект.

Поради големиот страв од овие отровни влекачи и наставниците и учениците одбиваат да држат и да ги следат часовите.

Тие веруваат дека не им останува ништо друго туку да чекаат, со оглед на тоа дека кобрата претставува орнамент на Шива, боженство обожувано со голема посветеност, на чиј украс не смее да се наштети на каков било начин.

– Кобрите во училиштето се наоѓаат последните десет дена. Често влегувале во училниците и ширеа паника меѓу децата. Сега и наставниците и учениците одбиваат да претстојуваат во училиштето, па принудени сме да го напуштиме, рече директорот на училиштето Омпракаш.

Во училиштето, според проценката на персоналот, се наоѓаат осум смртоносни кобри кои се „шетаат“ по просторијата. До сега никој не е каснат.

Наставниците признаваат дека не размислуваат да повикаат експерти за диви животни или ловци на рептили. Кобрите, се штитенички на Богот Шива, па никој од нив не е подготвен да се соочи со гневот на боговите.

– Ние се надеваме дека кобрите сами ќе си одат за некоја недела и дека ќе можеме да продолжиме со работа, рече директорот на училиштето.

Промовирани огласи »

Русија ќе ги забрза напорите за намалување на зависноста од американскиот долар и системот на кредитни карти. До ова доаѓа по новите санкции воведени од страна на Вашингтон. Продажбата на нафта, гас и други природни ресурси во светот главно е поврзана со доларот и санкциите практично претставуваат силен удар врз рускиот енергетски сектор. Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков изјави дека е неопходно да се намали руската зависност од американската валута. „Во спротивност секогаш ќе бидеме закачени на нивната кука“, рече тој во интервју за еден руски магазин.

Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »