Промовирани огласи »

Голем број кобри, кои за време на обилните дождови и невремето, „окупираа“ училиште во градот Багаха во североистоичната индиска држава Бихар, повеќе од една недела држат 800 ученици и нивните наставници надвор од тој објект.

Поради големиот страв од овие отровни влекачи и наставниците и учениците одбиваат да држат и да ги следат часовите.

Тие веруваат дека не им останува ништо друго туку да чекаат, со оглед на тоа дека кобрата претставува орнамент на Шива, боженство обожувано со голема посветеност, на чиј украс не смее да се наштети на каков било начин.

– Кобрите во училиштето се наоѓаат последните десет дена. Често влегувале во училниците и ширеа паника меѓу децата. Сега и наставниците и учениците одбиваат да претстојуваат во училиштето, па принудени сме да го напуштиме, рече директорот на училиштето Омпракаш.

Во училиштето, според проценката на персоналот, се наоѓаат осум смртоносни кобри кои се „шетаат“ по просторијата. До сега никој не е каснат.

Наставниците признаваат дека не размислуваат да повикаат експерти за диви животни или ловци на рептили. Кобрите, се штитенички на Богот Шива, па никој од нив не е подготвен да се соочи со гневот на боговите.

– Ние се надеваме дека кобрите сами ќе си одат за некоја недела и дека ќе можеме да продолжиме со работа, рече директорот на училиштето.

Промовирани огласи »

Русија ќе ги забрза напорите за намалување на зависноста од американскиот долар и системот на кредитни карти. До ова доаѓа по новите санкции воведени од страна на Вашингтон. Продажбата на нафта, гас и други природни ресурси во светот главно е поврзана со доларот и санкциите практично претставуваат силен удар врз рускиот енергетски сектор. Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков изјави дека е неопходно да се намали руската зависност од американската валута. „Во спротивност секогаш ќе бидеме закачени на нивната кука“, рече тој во интервју за еден руски магазин.

Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков

Промовирани огласи »

Австралиски милионер ги советува денешните млади ако сакаат да имаат свој дом, да престенат да трошат пари за глупости како скапиот сендвич или пак ексклузивна брендирана облека.

Тим Гарнер, бизнисмен во сферата на недвижниот имот, ја осуди денешната младина дека расфрла шанса да се здобие со сопствено живеалиште, бидејќи троши прекумерно за нешта како луксузна храна и кафе. 

Кога јас се обидував да го купам својот прв дом, не трошев пари за брза храна пет кафиња на ден. Очекувањата на денешните млади се многу, многу високи, вели тој.

Тој не е првиот кој обрнува внимание на овој проблем. Минатата година демографот Бернард Солт коментира дека премногу млади луѓе во активна возраст висат по скапи кафулиња, наместо да штедат за купување на стан.

„Сум видел млади луѓе да порачуваат сендвичи за 22 долари. Јас можам да вечерам на овој начин, бидејќи сум средовечен и сум создал семејство и кариера. Но, како млади луѓе можат да си дозволат да се хранат на овој начин? Не треба ли да штедат и да си готват дома? Колку често излегуваат и јадат надвор? 22 долари неколку пати неделно - ете ти го учеството за куќа или стан!“, вели тој.

Многумина ја споредуваат изјавата на Гарнер со скорешната позиција на американскиот конгресмен Џејсон Чафец кој предложи луѓето да се откажат од скапите смартфони, за да можат да си дозволат приватно здравствено или животно осигурување. 

Промовирани огласи »

Oд Министерството за здравство препорачуваат од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Со високи температури од портокалова фаза и денеска ќе биде зафатена територијата на целата држава, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Oд Министерството за здравство препорачуваат од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

На работодавците од Министерството им препорачуваат да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.

Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

За граѓаните од целата држава од Министерството потсетуваат дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на подготовка на храната.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат својот матичен лекар. Поради повисоките температури се напоменува дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »