Промовирани огласи »

Во полициска контрола, во текот на вчерашниот ден, бил фатен возач кој со автомобилот возел 246 километри на час.

Од фотографиите, што ги споделија од Министерството за внатрешни работи, се гледа дека освен овој возач, во радарска контрола, со голема брзина биле фатени и други двајца возачи ...

Промовирани огласи »

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски на прес-конференција застана во одбрана на предлог-измените на Законот за работни односи со кои градежните работници на коридорите 8 и 10 треба да работат 60 часа неделно.

Ковачевски смета дека со овие измени ќе се зголемат продуктивноста и платите на градежните работници.

Доколку бидат донесени овие законски измени, ќе може да се ангажираат помал број работници и да се работат повеќе часови, па поголем дел од финансиските средства ќе останат во државата. Без законски измени ќе дојдат повеќе странски работници. Сите работници ќе имаат право да дадат согласност за 60-часовна работна недела и секој час би бил платен, вели Ковачевски.

Промовирани огласи »

Тајванската компанија „Јагео" и официјално влегува во Северна Македонија. Договорот за инвестицијата вредна 205 милиони евра, која треба да отвори околу 4 000 нови вработувања, денеска во Таипеи го потпишаа директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски и менаџментот на конзорциумот „Јагео". На церемонијата преку видео-конференциска врска се вклучи и премиерот Димитар Ковачевски.

Како што јави известувачот на МИА од Таипеи, „Јагео" ќе произведува резервни делови и компоненти за автомобилската индустрија и за т.н. зелена енергија. Производствените погони ќе бидат лоцирани во ТИРЗ Скопје 1 и во ТИРЗ Штип. Како што беше речено пред потпишувањето на Договорот, изградбата на првиот капацитет ќе почне во јули годинава, во ТИРЗ Скопје 1. Предвидено е и, генерално, да се ангажираат наши, локални добавувачи.

Преговорите за инвестицијата траеле речиси една година, а земјава е избрана како најдобра во „трката" со останатите од регионот и пошироко. -Со Северна Македонија имаме одлично искуство. Сепак, две работи беа клучни зошто ја одбравме за нашата инвестиција: увидовме дека е стабилна, со квалификувана работна сила, а и Владата беше максимално посветена и имаше исклучително позитивен однос кон нас. Тоа можеби беше и пресудно. Ни излегуваше секогаш во пресрет и тука беше за секој наш проблем, потенцира извршниот директор на „Јагео", Дејвид Ванг. Андреа Мејер, главен во оперативниот сегмент, напомена дека оваа досега најголемата гринфилд инвестиција во Северна Македонија, нема да значи вложување само во пари, бизнис и профит, туку и вложување во човечки капитал. -Наши приоритети се воведување нова технологија и јакнење на кадарот, овозможување вработените да стекнат нови вештини и да се усовршат, подвлече Мејер.

Според директорот Деспотовски, денешното потпишување на Договорот е потврда дека со знаење, желба и истрајност, можеме да оствариме големи резултати.

-Процесот не беше воопшто лесен. Во конкуренција беа многу земји, меѓу кои Хрватска и Србија. Но, ние успеавме во таа трка и ние сме денеска тука, на оваа маса, да потпишеме договор. Со оваа инвестиција стануваме дел од мапата земји кои обезбедуваат витални компоненти за производители како „Тесла" и „Епл", подвлече Деспотовски. Според него, компаниите во зоните вработуваат близу 17 000 лица, а влезот на „Јагео" ќе значи 30 отсто плус работна сила од оваа бројка.

Церемонијата на потпишувањето се одржа во седиштето на „Јагео". Честитки за инвестицијата упати и премиерот Ковачевски.

Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја, вредна 205 милиони евра и нови над 3 900 работни места. „Јагео" е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40 000 вработени ширум светот. Електронските компоненти кои ги произведува и кои се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори, се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникациите, медицината, управувањето со енергија, зелена енергија, рече Ковачевски.

Со новиот концепт на поттикнување инвестиции успеавме, додаде, да ја ставиме нашата земја високо на мапата инвестициски дестинации кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни вложувања.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 отсто во однос на одлуката од 10.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784%, кај дизелот за 0,639%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211% и кај мазутот има зголемување за 1,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг.

Од 19.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм).Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »