Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 отсто во однос на одлуката од 10.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784%, кај дизелот за 0,639%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211% и кај мазутот има зголемување за 1,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг.

Од 19.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм).Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Промовирани огласи »

Дигиталните номади немаат постојано место на живеење, патуваат низ светот и ги работат работите за кои се ангажирани, најчесто се занимаваат со програмирање или развој на софтвер.

Во некои земји даночниот третман е поволен за номадите, а финансискиот портал Bankar.me објави листа на десет градови кои се најповолни за „номадски“ живот.

  • Палермо (Италија)
  • Скопје (Македонија)
  • Азорски Острови (Португалија)
  • Мајорка (Шпанија)
  • Лима (Перу)
  • Тбилиси (Грузија)
  • Пуебла (Мексико)
  • Неапол (Италија)
  • Банско (Бугарија)
  • Софија (Бугарија)

Предностите на овие градови се, пред сè, прифатлив животен стандард, даночен систем и бирократија која ги фаворизира дигиталните номади.

Покрај работните места во ИТ, дигиталните номади работат и во други сектори, како што се издаваштво, медиуми и односи со јавноста, маркетинг и образование.

ФОТО: Unsplash

Промовирани огласи »

Речиси и да не постои работа која не е стресна од време на време, а во долгорочна студија научниците открија која работа е најстресна.

Брокер, возач на автобус, воспитувачка во градинка, пилот, доктор, сето ова се работни места кои би можеле да ги замислиме дека го заземат првото место на листата на најстресни професии во светот. Но, најстресната работа на светот е работата на келнер, барем така тврди студијата на Јужниот медицински универзитет во Кина.

На почетокот тоа може да биде малку изненадувачки, бидејќи тоа е работа со помала одговорност отколку, да речеме, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот од студијата изгледа убедлив. Келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а факторот на стрес е многу висок.

За возврат, тие добиваат малку благодарност и, како тоа да не е доволно, работата е многу нефлексибилна. Конечно, за разлика од лекарите, келнерите не се наградуваат со добра плата и признание. Научниците откриле и дека стресот предизвикува многу почесто користење на цигари и алкохол кај келнерите. Долгорочната студија беше спроведена 17 години со вкупно 136.000 учесници.

Промовирани огласи »

Сите заостанати сметки за комунални услуги, струја, кабловска телевизија и телефони застаруваат по одреден временски период. Но, тоа не значи дека долгот не може да се наплати по тој рок, а потрошувачот може да избегне присилна наплата само доколку навреме поднесе приговор.

За разлика од нередовните плаќачи, во непријатна ситуација можат да дојдат и граѓаните кои навреме ги подмириле сите обврски. 

Што и да сте платиле, важно е сметката да ја чувате, бидејќи ако немате доказ за плаќањето, ќе мора повторно да си платите.Ова често го посочуваат адвокатите кои се занимаваат со правата на потрошувачите.

Објаснуваат дека најдобра заштита е да се чува фактурата или уплатницата, иако секоја компанија има платежна евиденција во својот систем.

Имено, овој запис може да „пропадне“, да не функционира или да биде фалсификуван, па адвокатите сметаат дека „подобро е да се спречи отколку да се лекува“, односно во овој случај да се чува доказ за уплата.

Исто така, некои здруженија на потрошувачи ги советуваат корисниците да чуваат сметки, односно докази за плаќање, најмалку десет години.

Адвокатите често укажуваат дека тоа не е начин да се избегне плаќањето на сметката и дека застарувањето ретко се случува во пракса, бидејќи извршителите ги тужат должниците пред истекот на рокот од една година.

И ако сметките се плаќаат онлајн?

Се повеќе граѓани претпочитаат да ги плаќаат сметките преку интернет, без да одат во Пошта и да чекаат на шалтер.

Претставниците на организациите за заштита на потрошувачите советуваат доказите за онлајн плаќањето да се испечатат, а потоа да се чуваат, бидејќи тоа ќе е единствен доказ за извршеното плаќање.

Што после една година?

Доколку добиете предупредување поради неплатена сметка која, напротив, била платена во период помал од една година од датумот на доспевање на сметката, потрошувачите можат да здивнат ако платиле и задржале сè,правилно. Меѓутоа, може да настане проблем доколку не ги чувате сметките или ако предупредувањето дошло по неколку години. Доколку тоа се случи, а потрошувачот добие предупредување пред наплата или решение од извршителот, треба да поднесе жалба во рок од најмногу осум дена.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »