Промовирани огласи »

Францускиот гигант за луксузни стоки, LVMH , стана во понеделникот, 24 април 2023 година, првата европска компанија што ја надмина пазарната вредност од 500 милијарди долари, поради скокот на цената на акциите и зајакнувањето на еврото.

Луксузната групација контролирана од Бернард Арно, моментално најбогатата личност во светот според индексот на милијардери на Блумберг , со нето богатство од 213 милијарди долари, забележа пораст на приходите од 17 отсто во резултатите од првиот квартал.

Тоа е двојно повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Акциите на матичната компанија на брендовите Луј Витон, Моет и Шандон и Хенеси , по што следат Живанши, Кристијан Диор, Булгари и Сефора - сосема природно и очекувано - скокнаа по објавувањето на резултатите.

Акциите на самата групација, која е присутна на берзата во Париз, во понеделникот наутро поскапеа за 0,3% до 903,70 евра за парче , а благодарение на нив вредноста на LVMH беше проценета на 454 милијарди евра или 500,5 милијарди долари.

Францускиот гигант објави приход од 79,2 милијарди евра за 2022 година, при што профитот достигна 21,1 милијарди евра , што е рекордно остварување втора година по ред.

Последните податоци, всушност, покажуваат дека побарувачката за луксузни стоки како што се чантите од Луј Витон и фустаните на Кристијан Диор - остана на истото, завидно ниво и покрај зголемената инфлација во ЕУ и зголемувањето на каматните стапки.

Промовирани огласи »

Во Македонија владеат услови на несовршена конкуренција и поради тоа профитните маржи се високи и тоа предизвикува високи цени на производите и услугите, кои се скапи за граѓаните во Македонија.

Ова денеска го констатира Сања Маџаревиќ–Шујстер, виш економист во Светска банка за Западен Балкан, според која државните интервенции со контрола на цените на долг рок е неодржливо и тоа ќе предизвика недостиг на продукти. Таа денеска во Скопје го претстави најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан

Јас лично не поддржувам контроли врз цените, меѓутоа ако погледнеме истражувања за земји-членки на ЕУ и ако ги разгледаме маржите во Македонија, ова што се случи изминативе години поради несовршената конкуренција видовме големи зголемувања на маржите, односно профитите кои што не можат да се објаснат или да се оправдаат со било што се случува на пазарите во моментов, освен со монополистичка или олигополистичка позиција, односно фалинки на пазарот кои што им одат во прилог на мал број од учесниците на пазарот, а одат на штета на голем дел од населението а најмногу најранливите сегменти од населението, рече Маџаревиќ–Шујстер.

Како одговор на кризата, Владата треба да возврати со изгласување на Законот за солидарен данок што ќе важи за фирми со несразмерно зголемени добивки, односно профити во изминатите години.

Мислам дека слични мерки се предложени од страна на вашата Влада и Собранието и тоа е краткорочен одговор за овие зголемувања на цените со цел да се поттикне повеќе конкуренција, подобра конкуренција не само овде туку и на ниво на ЕУ се забележува слични услови, односно нецелосно функционирање или нефункционирање на пазарите, рече Маџаревиќ – Шујстер.

Промовирани огласи »

Majorel дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка за многу светски водечки брендови. Ги сервисира клиентите ширум светот со преку 82,000 + вработени, лоцирани во 45 земји на 5 континенти на 60 јазици.

Тимот на KARIERA.mk беше во повторна посета на канцелариите на Majorel, каде што овој пат имавме прилика да разговараме со HR менаџерката Виолета Вукелиќ. Тaa за кариера даде одговор на важните прашања поврзани со менаџирањето на човечките ресурси како вистински професионалец во областа.

Целото интервју може да го видите подолу:

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука за продолжување на рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 јуни 2023 година.

Со оваа Одлука, највисоката трговска маржа за белиот леб – сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цедено, се утврдува во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите од тврда пченица, македонскиот ориз бел, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајцата од кокошка, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, која треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува за следните два месеци од оваа година, односно од 30 април до 30 јуни 2023 година, се наведува во соопштението Министерството за економија.

Од Министерството посочуваат дека за времетраење на оваа Одлука, Владата дополнително има донесено и одлуки за определување највисоки цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз, која ќе се применува до 30 април 2023 година, на трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, која ќе се применува до 31 мај 2023 година, на тестенини (макарони и шпагети), која ќе се применува до 31 мај 2023 година, како и на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел) која ќе се применува до 31 мај 2023 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »