Промовирани огласи »

На прес-конференција која се одржа во понеделникот, шефот на Националната администрација за интелектуална сопственост Шен Чангју, истакна дека Кина е главен извор на меѓународни патенти, заштитни марки и дизајни поднесени до Светската организација за интелектуална сопственост (СИПО).

Тој рече дека Кина останува главен корисник на системот на Договорот за патентна соработка на СОИС, со четиригодишно темпо во светот. Земјата е рангирана на второ место по примена на меѓународниот систем за дизајн по пристапувањето до Хашкиот договор. Кинеските апликанти поднеле и трет најголем број апликации за заштитни марки користејќи го Мадридскиот систем на WIPO.

Кина стана важен корисник на трите системи за регистрација на IP на СОИС, рече Шен како одговор на прашање за ангажманот на земјата со меѓународната организација.

Тој, исто така, истакна неколку достигнувања од соработката помеѓу Кина и СОИС, вклучително и заедничкото формирање на 101 центар за поддршка на технологија и иновации и кинеската валута ренминби која стана валута за цени и порамнување на меѓународните трошоци поврзани со Договорот за соработка со патенти.

Кина, која започна соработка со СОИС во 1973 година, се приклучи на оваа организација во 1980 година.

За да ја одбележат 50-годишнината од соработката, кинеската влада и СОИС заеднички ќе одржат серија активности оваа година во Пекинг и Женева.

Во рамките на СОИС, Кина ќе биде целосно ангажирана во глобалното управување со ИС, придонесувајќи со својата мудрост и подобро служејќи за благосостојбата на човештвото, рече Шен.

Промовирани огласи »

Со кампања под мотото „Денарот го славиме!“, Народна банка одбележува 31 година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на централната банка.

Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, соопшти НБ.

За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута.

Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. По пвод 31 година монетрана самостојност, на социјалните мережи ќе бидат објавени изјави на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска.

Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја.

На денешен ден пред 31 година државава монетарно се остамостои и воведе сопсвена валута - денар.

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“. Со овие зборови првиот премиер на државава Никола Кљусев од собраниската говорница го претстави денарот како национална валута која официјално беше воведена на 26 април 1992 година (Велигден).

Тогаш, Собранието донесе пакет закони со кои државата се осамостои монетарно. На почетокот беа воведени вредносни бонови кои ги заменија тогашните југословенски динари во однос 1:1. Замената почна на 27 април 1992 година и траеше три дена. Веќе на 29 април престанаа да важат југословенските книжни пари, а кованите пари од 1, 2 и 5 југословенски динари останаа да важат уште една година. Вредносните бонови од 25, 50, 100, 500 и 1000 имаа ист дизајн и се разликуваа само по бојата. На нив не го пишуваше името на новата национална валута. На предната страна, основниот мотив беше Македониумот, а на задната тутуноберачите.

Името денар е добиено по истоимената античка римска валута (лат. denarius), која се користела на оваа територија и во минатото. Името го има дадено академик Петар Илиевски, а како предлози во тој период биле разгледани и „македонски динар“ и „лав“. Првите денари беа пуштени во оптег следната година. Во 1993 година беше пуштена серија од банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а во 1996 година биле воведени и банкноти во вредност од 1000 и 5000 денари. Во 2016 година биле воведени и банкноти од 200 и 2000 денари. Истовремено, книжните пари со апоенска вредност од 5000 денари беа повлечени од оптек како последица на нејзината незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Во 2018 година, Народната банка, која го има правото да издава книжни и ковани пари, ги замени банкнотите од 10 и 50 денари со нови полимерни банкноти. Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава и јубилејни монети за колекционерски цели.

Денес, во земјава како платежно средство се користат книжни банкноти од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари и метални монети во вредност од 1,2,5,10 и 50 денари. Банкнотите од 10, 50 и 100 денари се печатени во земјава, додека банкнотите од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996 година), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкнотите од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Монетите се ковани во ковалницата „Сувенир“ во Самоков и се ликовно и техничко решение на Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковалницата. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.

Триесет и една година подоцна, денарот останува стабилен и покрај низата кризи и премрежија низ кои помина државата. Првите години од монетарното осамостојување се одликуваа со хиперинфлација, рецесија, недоволно ниво на девизни резерви, макроекономска стабилност... Во октомври 1995 година беше воведена монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на тогашната германска марка, а од јануари 2002 година курсот на денарот се поврзува со еврото. Монетарните политики што беа водени за време на конфликтот од 2001 година, глобалната финансиска криза од 2008 година и пандемијата на Ковид-19 не дозволија денарот да девалвира.

Од Народната банка уверуваат дека и во актуелната ситуација со војната во Украина, денарот е стабилен и во иднина ќе остане сидро на стабилност на македонската економија. Девизните резерви растат, а банкарскиот систем е стабилен, ликвиден, доволно капитализиран и може да обезбеди кредитна поддршка за економска активност.

Промовирани огласи »

Сиромаштијата и секојдневниот недостаток на пари ги принудија луѓето да се справат на различни начини. На социјалните мрежи можете да најдете голем број на трикови како да заштедите пари за „не дај Боже!“ .

Овие системи за штедење, познати како две или три коверти, се многу ефикасни, а неодамна се појави и сосема нов - заштеда со помош на три кутии. Тој систем подразбира оставање „sic“ на страна секој ден, за да се извлече кец од ракав во моментот на ненадејни трошоци. Ваквиот начин на заштеда го олеснува ударот врз буџетот, кога, на пример, е потребна регистрација на автомобил, дополнителни пари за одмор или купување на неопходен апарат за домаќинство.

Совет е кога доспева платата веднаш да купите евра.

Во една кутија ставаме евра. Секој месец кога доспева исплатата купуваме по 5 евра, па веднаш земаме 300 денари од платата. Оние кои немаат висока плата, реално не можат ни да купат повеќе.

Секој ден во втората кутија ставаме по 50 или 100 денари, кои реално би ги потрошиле за чоколадо или кафе на работа.

Во третата кутија ги ставаме парите што ни останале од кусур. Станува збор за монети од 1, 2, 5 или 10 денари, генерално ситни пари, кои секојдневно ги имаме во џебот или паричникот.

Секоја година на овој начин можете да заштедите најмалку 500 евра и секако е убаво чувството да знаете дека имате некои пари „бонус“ со вас.

Промовирани огласи »

Францускиот гигант за луксузни стоки, LVMH , стана во понеделникот, 24 април 2023 година, првата европска компанија што ја надмина пазарната вредност од 500 милијарди долари, поради скокот на цената на акциите и зајакнувањето на еврото.

Луксузната групација контролирана од Бернард Арно, моментално најбогатата личност во светот според индексот на милијардери на Блумберг , со нето богатство од 213 милијарди долари, забележа пораст на приходите од 17 отсто во резултатите од првиот квартал.

Тоа е двојно повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Акциите на матичната компанија на брендовите Луј Витон, Моет и Шандон и Хенеси , по што следат Живанши, Кристијан Диор, Булгари и Сефора - сосема природно и очекувано - скокнаа по објавувањето на резултатите.

Акциите на самата групација, која е присутна на берзата во Париз, во понеделникот наутро поскапеа за 0,3% до 903,70 евра за парче , а благодарение на нив вредноста на LVMH беше проценета на 454 милијарди евра или 500,5 милијарди долари.

Францускиот гигант објави приход од 79,2 милијарди евра за 2022 година, при што профитот достигна 21,1 милијарди евра , што е рекордно остварување втора година по ред.

Последните податоци, всушност, покажуваат дека побарувачката за луксузни стоки како што се чантите од Луј Витон и фустаните на Кристијан Диор - остана на истото, завидно ниво и покрај зголемената инфлација во ЕУ и зголемувањето на каматните стапки.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »