Еврото е околу највисокото ниво во однос на доларот во последната година.
На инвеститорите им се чини дека европската економија е многу поотпорна на ширење на ризикот во банкарскиот систем за разлика од американската, а загрижени се и за можноста од рецесија во САД. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на курсот на доларот во однос на шесте најважни светски валути, падна за 0,4 отсто.
Еврото е на ниво од 1,104 долари, што е за 0,6 отсто повеќе од претходниот ден, додека инвеститорите шпекулираат дека економските изгледи на Европа би можеле да бидат добри откако Германија вчера ја зголеми оценката за овогодишниот раст од 0,2 на 0,4 отсто.
Јуанот е најкористена валута за прекугранични трансакции во Кина во март, престигнувајќи го доларот за прв пат, покажаа официјалните податоци, што ги одразува напорите на Пекинг да ја интернационализира употребата на јуанот.
foto freepik.com/8photo