Промовирани огласи »

 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие.

Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје нагласуваат дека претпријатието овозможува пристап до сите информации на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk, но и до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства, корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура.

Промовирани огласи »

Социјалните мрежи се клучен дел од маркетингот на вашиот бизнис, но тоа искуство не мора да ви претставува стрес.

Факт е дека скоро сите професионални компании користат социјални мрежи, 78% од продавачите кои го користат интернетот за да соберат клиенти и прават продажба на производи, се наведува дека се забележани  многу подобри деловни резултати, отколку нивните колеги кои не се онлајн. Направете го првиот чекор, креирајте профил и започнете да комуницирате со вашите клиенти. 

Некои од придобивките кои ќе ги добиете доколку ги користите социјалните мрежи:

  1. Подигнување на свеста за вашиот бренд
  2. Зголемување на сообраќајот
  3. Промовирање производи и услуги

Кога зборуваме поконкретно за дигиталната трансформација во бизнис смисла на зборот, генерално се осврнуваме на начинот на кој некоја компанија интегрира нови технологии и ги искористува придобивките од истата во своја корист.

Не сите платформи за социјални медиуми ќе бидат соодветни за вашиот бизнис. Заштедете време и напор со избирање на платформи за социјални медиуми што ќе ги користите за вашата целна публика.

Пред да започнете со дигитална трансформација, важно е да знаете дека тоа е тековен процес, кој бара управување, иновации, едукација и прилагодувања за да се успее.

Промовирани огласи »

Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите.

Протестот на членството, поддржан од граѓани, почна пред седиштето на ССМ, продолжи кон Собранието и заврши пред Владата. На пратениците и на извршната власт им порачаа дека „не е исто покачување од 2.000 денари на година и 2.000 денари на ден“ и оти „Работниците се државата“ - како што гласеше и слоганот на денешниот протест за Денот на трудот.  

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред Владата рече дека функционерите „си ги покачија платите за 78 проценти, а нас нѐ убедуваат дека 2.000 денари е доволно да преживее македонскиот работник“.

Со две илјади денари работникот не може да го издржи месецот, додека некои со 78 отсто си го поминуваат месецот лежерно и убаво. Ние, работниците, не се откажуваме - како за нив, така и за нас. Нека ги намалат и тие платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници, бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и колку се потребни тие пари. Пазарат по продавници и нѐ лажат дека цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе и да се сплоти и да им кажеме „не“ на овие што не мислат на нас и си гледаат само за себе, истакна Димовски.

Тој порача дека не го креваат работничкиот глас само денеска, туку борбата  продолжува и утре.

Имаме работни средби каде јасно ќе кажеме за Општиот колективен договор: К-15 за сите, 78 проценти покачување за сите, рече синдикалниот лидер.

Претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Дејановски праша за кој труд претставниците на Владата си ги зголемиле платите за 800 евра во најголема инфлација. 

И што добивме ние од тоа? Триесет и две години ги гледаме како исплаќаат дневници и патни трошоци, а 32 години македонскиот работник нема добиено ништо. Две илјади денари покачување на година, две илјади денари покачување на ден не е исто, 2.500 евра плата и минимална плата не е исто. Синдикална минимална кошничка од 51 илјада денари, па кој може да преживее? Кој ги прима тие плати во Македонија? Мора да се изедначиме, не може да прифатиме ништо освен истата пресметка на плата како што тие си ја земаат, рече Дејановски.

Тој порача дека работниците треба да бидат обединети и единствени и секој ден да излегуваат на протести за да го добијат тоа што го бараат. 

Без масовност и единство ќе нѐ играат како што сакаат. Мора ова да биде почеток на една голема синдикална пролет, рече претседателот на УПОЗ.

И на пратениците им порачаа дека наместо народни, „сѐ повеќе се ненародни избраници“ и дека работниците паметат сѐ што тие прават и не прават за нив.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски рече дека пратениците не треба да заборават дека „од нашата пот го јадат нивниот леб и ги хранат семејствата“.

Пред законодавниот дом тој остави градежнички шлем и ги повика пратениците тие да работат 60 часа затоа што, рече, „ние се изборивме за 40“. 

За нас немаше ни 8 отсто покачување на платите. Не им го забораваме ниту Предлог-законот за 60 часа работна недела. Ако мислат дека ние сме робови и ќе гинеме на градилиштата, ги повикувам да градат со нас, повика Пешевски. 

Игор Герасов од Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) додаде дека со шеесетте часа работна недела ги уназадуваат правата кои се изборени уште пред 150 години од американските работници. 

Во 19 век на денешен ден нашите колеги во Америка се организираа токму за тоа, да се намали работното време на 40 часа неделно. Нема да дозволиме во 21 век, по 150 години, македонскиот работник да го враќаат во 19 век. Ако треба секој ден ќе бидеме пред Владата и пред Собранието, истакна Герасов. 

Промовирани огласи »

Вредноста на најпознатата криптовалута Биткоин падна денеска за прв пат по четири последователни месеци раст. Биткоинот падна за 3,6 отсто, а во 6:40 часот по њујоршко време неговата вредност беше 28.504 долари, пишува Bloomberg.

Пазарот е многу нервозен, се чека да се види што ќе се случи со Фрст Рипаблик банката, коментираше за овие случувања Адријан Пжелозни, шеф на берзата за криптовалути Independent Reserve.

Првата република банка денеска беше затворена, а надлежните органи одобрија продажба на нејзиниот имот на банката ЈП Морган.

Претходната четиримесечна серија на Биткоин е најдолгата од 2021 година, кога растеше шест месеци.

Подемот на биткоинот е поврзан со очекувањата дека американската централна банка FED ќе воведе помека монетарна политика на крајот на оваа година, а тврдењата дека банкарската криза во САД доведе до губење на довербата во стандардните валути, исто така, придонесе до растот.

Биткоинот и светот на криптовалутите воопшто се изложени на многу ризици во САД, а еден од нив се државните мерки против целиот сектор, потсетува Блумберг.

(Танјуг)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »