Промовирани огласи »

Teлохранител денеска го уби министерот за труд во Уганда, Чарлс Енгола, поради приватни несогласувања, објавија локалните медиуми. Убиството се случило во домот на Енгола во главниот град Кампала.

Како што објави државната телевизија на Уганда, напаѓачот, чиј идентитет не се соопштува, пукал во министерот, а потоа и во себеси со што се самоубил. Локалните медиуми пишуваат дека спорот бил за платите на обезбедувањето. Очевидци тврдат дека војникот викал дека долго време не добил плата, иако работел за министерот, објави порталот „Најлпост“. Енгола беше пензиониран армиски полковник. Убиството е поради бизарна причина. Инаку, во Уганда мнозинството од населението е сиромашно. 

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на Еуродизел од утре се намалува за 2 денари по литро, соопшти Регулаторната комсиија за енергетика. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,  додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) останува со иста цена, додека Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41,075 ден/кг. 

Според тоа, од полноќ цените ќе бидат следни: 

  • Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС - 95     80,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98     82,00 (денари/литар)
  • Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       69,00 (денари/литар)
  • Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1)     68,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС            41,075 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие.

Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје нагласуваат дека претпријатието овозможува пристап до сите информации на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk, но и до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства, корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура.

Промовирани огласи »

Социјалните мрежи се клучен дел од маркетингот на вашиот бизнис, но тоа искуство не мора да ви претставува стрес.

Факт е дека скоро сите професионални компании користат социјални мрежи, 78% од продавачите кои го користат интернетот за да соберат клиенти и прават продажба на производи, се наведува дека се забележани  многу подобри деловни резултати, отколку нивните колеги кои не се онлајн. Направете го првиот чекор, креирајте профил и започнете да комуницирате со вашите клиенти. 

Некои од придобивките кои ќе ги добиете доколку ги користите социјалните мрежи:

  1. Подигнување на свеста за вашиот бренд
  2. Зголемување на сообраќајот
  3. Промовирање производи и услуги

Кога зборуваме поконкретно за дигиталната трансформација во бизнис смисла на зборот, генерално се осврнуваме на начинот на кој некоја компанија интегрира нови технологии и ги искористува придобивките од истата во своја корист.

Не сите платформи за социјални медиуми ќе бидат соодветни за вашиот бизнис. Заштедете време и напор со избирање на платформи за социјални медиуми што ќе ги користите за вашата целна публика.

Пред да започнете со дигитална трансформација, важно е да знаете дека тоа е тековен процес, кој бара управување, иновации, едукација и прилагодувања за да се успее.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »