Промовирани огласи »

Скопјанец е измамен по пат на интернет од лице кое се претставувало дека е од Турција. 

Во СВР Скопје, вчера во 10 часот, 63-годишен скопјанец пријавил дека е измамен за сума од 2.300 евра, од едно лице, кое се претставило дека е од Република Турција. На 25 април годинава преку социјална мрежа и преку електронска пошта лицето го контактирало и го известило дека бил наследник на поголема сума на пари во банка. Лицето му побарало да испрати лични податоци преку електронска пошта и пари за наводни трошоци. Тој ги испратил личните податоци по меил, а парите преку брз трансфер, по што прекинала комуникацијата со лицето и тој сфатил дека е измамен. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден е белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден. Секојдневно работи на усовршување на својот производствен процес и успешно чекори кон реализација на своите цели. Затоа константно го надоградува својот тим.

Во моментов се активни следниве работни позиции:

АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ - КАРОСЕРИЈА И ПАТОС
СТОЛАРИ
АВТОЛАКИРАЧИ – ФАРБАРА
ЕЛЕКТРО ИНСТАЛЕРИ - ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ
ЕЛЕКТРИЧАРИ
ЗАВАРУВАЧИ
ИНСТАЛАТЕР НА ПРОЗОРЦИ
АВТОЛАКИРАЧИ – ФАРБАРА
МОНТЕРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И КЛИМАТИЗАЦИЈА - ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ
ТЕХНИЧАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА 
МЕХАНИЧАРИ - ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ - ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ - ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА
ЕЛЕКТРО ИНСТАЛЕРИ - ЗАВРШНА ДОРАБОТКА
ИНСТАЛЕРИ - ОПШТИ МОНТЕРИ
КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ
ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН


Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Тим билдингот е специјално креиран за да одговара на потребите на вработените во бизнис секторот. Вклучува различни рекреативни и забавни активности во природа.

Бенефитите од истиот се:

  1. Подобрување на комуникацијата;
  2. Подобро меѓусебно спознавање и разбирање;
  3. Зголемување на мотивацијата;
  4. Подобро разбирање на визијата и целите на компанијата;
  5. Истакнување на важноста на секој индивидуален придонес кон целиот колектив;
  6. Споделување искуства;
  7. Учење на добрите страни и слабостите;
  8. Зголемување на продуктивноста и ефикасноста;
  9. Зголемување на лојалноста на вработените.

Тим билдинг е една од најшироко користените активности за развој на групите во организациите. Вработените се поефикасни и соработуваат подобро кога ќе поминат низ процес и активности како што е тим билдингот. Дури и најдобрите тимови можат да имаат корист од овие вежби.

Промовирани огласи »

Во месец мај имаме уште еден неработен ден, 24 мај, а потоа ни доаѓа уште еден споен викенд на почетокот на месец јуни.

Во јуни граѓаните од православна вероисповед имаат еден неработен ден а тоа е 2 јуни, кога се одбележува Духовден. Неработниот ден е во петок, што значи дека ќе има можност за уште еден продолжен викенд.

Вториот неработен ден во август ќе ни донесе и продолжен викенд бидејќи Голема Богородица се паѓа на 28 август, во понеделник што значи дека тоа ќе биде уште еден продолжен викенд.

Во септември имаме уште една добра можност за некој краток одмор на крајот од летото бидејќи 8 Септември, Денот на независноста се паѓа во петок.

Вториот неработен ден во октомври е нова можност за продолжен викенд, бидејќи Денот на ВМРО се паѓа на 23 октомври, понеделник.

Во декември неработен е 8 декември, петок, Денот на Св. Климент Охридски, што е нова можност за продолжен викенд.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители; 2 август (среда), Ден на Републиката; 8 септември (петок), Ден на независноста; 11 октомври (среда), Ден на народното востание 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (петок), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на влашката заедница: 23 мај (вторник), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »