Промовирани огласи »

KARIERA.mk најавува HR работилница на 19.5.2023 со Stefanie Wittenbecher, Head of Learning & Development во DHL, Germany.

Најдобрите HR практики директно од една од најмоќните компании во светот во Скопје!

Во продолжение 5 причини зошто да бидете дел од HR работилницата:

  • Ќе дознаете за интересни механизми за задржување на квалитетните луѓе во една компанија;
  • Ќе научите како практично и без многу буџет да ги зголемиш знаењата на луѓето од различни тимови;
  • Ќе дознаете што прави магнат како DHL за да изгради победнички тимови низ светот;
  • Ќе слушнете за најдобрите потврдени HR практики во DHL Германија кои вродиле со плод и успех во изминатите турбулентни години;
  • Ќе се дружите со голем број учесници на настанот кои страсно работат во HR индустријата во нашата држава и секогаш се расположени за нови знаења.

Настан кој ќе опфати интересни теми за тоа како да се изгради победнички тим и идеи и начини за задржување на луѓето кои се потребни во секоја компанија!

Marriott Hotel, Скопје / 19.05.2023

Купете карти на https://kariera.mk/events, а за повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722  или пак на [email protected]

Промовирани огласи »

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари). 

Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка. 

И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2000 денари дневно или за 78 проценти месечно, велат од ССМ.

Промовирани огласи »

Технологијата денес значително го олеснува пристапот до некои платформи и услуги. „Жртви“ на технологијата досега се неколку сектори, од транспорт, автомобилска индустрија, па се до здравство.

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, не се противи на промените - тој помогна да се започне тековната трка за вештачка интелигенција со четботот ChatGPT кој, на крајот на краиштата, се заканува да замени многу индустрии - но тој сепак смета дека кога вработените треба да се присутни во канцеларија, стартапите се најефективни кога тие работат заедно.

Извршниот директор на IBM, Арвинд Кришна, оваа недела изјави дека неговата компанија ќе го замрзне вработувањето за улоги за кои мисли дека би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција во наредните години. Тој исто така констатира дека иако можете да бидете продуктивни кога работите од дома, „вашата кариера страда“ ако работите од далечина.

Иако „работата од дома“ изгледа како добар начин на функционирање и работење сепак тоа има некои недостатоци. Лоши придобивки од работењето од дома се:

  • Осаменост
  • Анксиозност
  • Стрес
  • Незаменливоста на личниот контакт

Работењето во канцеларија не е совршено, се разбира. Но, не е ниту работењето од дома. Најидеално е веројатно да ги имате и двете како опција – и да може да изберете колку е идеално за вас да работите на двата начина.

Флексибилноста на работа е извонредно нешто, но настојувајте да постигнете најдобар можен баланс. Верувајте, не би сакале еден ден да станете од вашиот компјутер дома и да сфатите колку многу сте пропуштиле во смисла на врски, учење, задоволство или развој во кариерата.

Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРМ) го објави повикот за поддршка на Самовработување (Претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

АВРМ преку овој повик ги охрабрува невработените лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат на Програмата 1. Поддршка за Самовработување (претприемништво).

Невработени млади лица до 29 години;

Невработени лица со попреченост;

  • Невработени лица – мажи до  60 години и жени до 58 години;
  • Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство;
  • Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до  60 години и жени до 58 години;
  • Невработени лица Роми-мажи до  60 години и жени до 58 години;
  • Невработени лица повратници.

Преку оваа програма заинтересираните можат да добијат:

  • Обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“
  • Ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ;
  • Неповратни средства (грант) во износ  од  307.500 денари,  со вклучен ДДВ;

Сите детали може да ги прочитате ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »