Промовирани огласи »

Во Македонија во јуни годинава имало 84.778 туристи кои оствариле 197.016 ноќевања, што е за 18,1 отсто повеќе туристи и за 14,6 отсто повеќе ноќевања во споредба со минатогодишниот јуни.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни година е зголемен за 4,1 отсто во однос на јуни 2016 година, додека бројот на странските туристи пораснал за 24 отсто. Домашните туристи оствариле за 8,1, а странските за 18,2 отсто повеќе ноќевања.

Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 12,6 отсто во однос на истиот период од минатата година, при што кај домашните туристи има зголемување за 11,4, а кај странските за 13,1 отсто. Во овој период бројот на ноќевања е зголемен за 12,5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 9,7, а кај странските за 14,3 отсто.

Промовирани огласи »

Вредноста на оваа криптовалута се искачи над 4.000 долари.

Криптоваулутата Биткоин за прв пат во историјата ја надмина вредноста од 4000 долари на светските берзи и донесе скок од 10 отсто само за ден тргување. 

Според оваа вредност на берзите Биткоинот има пазарна доминација во делот на криптовалутите и вкупна проценета вредност од 137 милијарди долари. За да бидат бројките уште поимпресивни станува збор за скок на вредноста за 11 милијарди долари во само два дена.

Нагорната линија за биткоинот не сопира и по поделбата на криптовалутата на два сегмента од што произлезе биткоин кеш чија пак поединечна вредност опадна за 8 отсто.

Промовирани огласи »

Интересот за некое работно место е уште поголем доколку интервјуто помине супер и по излезот од интервју почувствувте дека можеби овојпат се ќе биде во ред и ќе ја добиете посакуваната позиција.

Меѓутоа, не ретко се случува да очекувате одговор долго време од компанијата и неизвесноста да расте.

KARIERA.mk издвојува неколку причини зошто можеби сеуште чекате на повик од компанијата каде интервјуто помина во најдобар ред и излеговте многу задоволни.

  • Втор круг на селекција

Некои работодавци прават селекција од првото интервју и ги повикуваат кандидатите во вториот, потесен круг.

  • Итно отсуство на некој од работодавците

Земете предвид дека некој работодавец можеби земал итно отсуство од работа и донесувањето на одлука се одложува.

  • Одлуката зависи од повеќе луѓе

Колку повеќе луѓе се вклучени во носење на одлука за вашето вработување, толку е подолг процесот на чекање.

  • Останатите интервјуа одземаат повеќе време

Можеби вие сте првиот кандидат, а после вас следуваат уште многу кандидати. Интервјуата може да траат и со месеци.

  • Одобрување од повисоки позиции

Доколку на пример станува збор за филијала на одредена компанија тие секако чекаат одобрување од повисоките позиции за новото вработување. Понекогаш, доколку се работи за странски инвестиции со седиште преку океаните може одоговорот да потрае со недели или месеци.

  • Економијата се менува преку ноќ

Очекувајте дека можеби ќе се побара од нив да скратат од буџетот и тогаш вработувањето отпаѓа.

  • Одлука од друг кандидат

Можеби вие сте втора опција доколку првиот одбие, но одлуката од кандидатот одзема многу време. 

Промовирани огласи »

В четврток и петок почнува пријавувањето за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии слободни се вкупно 10.818 места. Од нив, 5.865 се за редовни студенти со годишната партиципација е 200 евра, речиси 3.800 места за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра, а 1.160 се резервирани за вонредни студенти.

Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии. Вториот уписен рок е на 4-ти септември, а третиот е на 15-ти септември.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »