Промовирани огласи »

Брендот Техномаркет е промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КИ ВО КОЧАНИ
ПРОДАВАЧ/КИ ВО ГОСТИВАР
ПРОДАВАЧИ/КИ ВО ТЕТОВО
ПРОДАВАЧ/КИ ВО СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Мнозинството од луѓето се познати по барањето изговори за непревземање акција. Дали можеби тоа е немањето време, немањето пари или немањето вештини како да се направи.

Можеме да набројуваме бесконечно многу изговори зошто не би можеле да отвориме свој бизнис, но во продолжение неколку причини зошто би го сториле спротивнто и кога треба да го реализираме нашиот план:

  • Кога сте доволно сигурни дека луѓето ќе го купат тоа што сакате да го продадете.
  • Кога го разбирате пазарот… Знаете зошто луѓето би се одлучиле да го купат прозводот и каде би го сториле тоа.
  • Кога имате еден едноставен, практичен бизнис план, доволно голем да ги содржи клучните информации кои имаат смисол и вклучуваат пресметани проценки за првичните бројки.
  • Кога животот или значајните врски (односи) не ви зависат од деловниот успех.
  • Кога навистина го посакувате тоа.
  • Кога немате друга опција.

Шансите да успеете можеби не ќе се секогаш на ваша страна. Но, сепак, токму тоа е составен дел од водењето бизнис! Ризикот! Сепак, секогаш имајте резервен план. Направете добра стратегија, каде конкретно ќе ја одредите вашата целна група, која паметно ќе ја таргетирате. Така ќе ги зголемите значително шансите за успех.

Промовирани огласи »

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје информира дека од утре ќе важи летното работно време на јавните површини - зони за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Потенцираме дека корисниците на јавните паркиралишта треба да ги запазат промените, односно плаќањето за паркирање да се извршува во наведеното време, со цел да не дојде до непотребна санкција, соопшти „Градски Паркинг“.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д, ќе биде од понеделник до сабота: 07:00 - 23:00 часот.

Промовирани огласи »

Во САД одамна е вообичаен феномен да не се доволни ниту две работни места за пристоен живот, а во Германија до неодамна беше реткост.

Сега веќе не е така, бидејќи веќе над 3,5 милиони луѓе работат на повеќе работни места - а често и тоа не е доволно за пристоен живот.

Повеќе од 3,5 милиони луѓе во Германија имаат повеќе од една работа. Бројката е повеќе од двојно зголемена во последните 20 години. Германија ќе стане земја со ниски плати, предупредува генералниот секретар на синдикатот ver.di Филип Шуман.

"Со гарантирана саатница од дванаесет евра со 42-часовна работна недела, можете да заработите нешто помалку од 2.200 евра бруто. Тоа е само околу 60 отсто од просечниот приход во Германија и не е доволно за живеење.

Во Германија платата најчесто се изразува како бруто износ, а тоа може да биде непријатно изненадување за странците кои доаѓаат да работат во оваа земја. Затоа што од таа сума се одбиваат реални придонеси, на пример за пензиско и здравствено осигурување, како и црковен данок и данок на доход - и тоа зависи од многу фактори, како брачната состојба и бројот на деца. Сè на сè, од 2.200 евра бруто, само околу 1.500 евра може да „легнат“ на сметка.

Инфлацијата јадеше се

Шуман смета дека минималната саатница треба да биде од 17 до 18 евра - во спротивно, на Германија и се заканува „ситуација како во САД“ каде луѓето често мора да работат на повеќе работни места. Наутро се доставуваат весници, дење курирска служба, попладне книжарница, ноќе како келнер...

Всушност, беше голем чекор на германската коалициска влада да ја зголеми минималната саатница на 12 евра во октомври минатата година, но инфлацијата и зголемувањето на цените „изеле“ речиси се што беше добиено со таа политичка одлука. Официјално, речиси 17 отсто од населението во Германија, односно над 14 милиони граѓани, се погодени од сиромаштија, а таа бројка сè уште расте поради инфлацијата.

Мама, тато и четири деца

Конкретен пример на шестчлено семејство од Велчер. Таткото е машински техничар со полно работно време, работи во три смени. Мајка Аника работеше со скратено работно време како асистент во тамошното училиште – но тоа не беше доволно. Бидејќи сè поскапе за над 20 отсто, на крајот на месецот на семејството му недостасуваа околу 700 евра.

Сега, освен во училиште, Аника работи и во градинка, а потоа и како продавачка во пекара. Веќе не знае за слободниот викенд.

Толку многу работни места се во исто време апсолутен товар и целосно исцрпувачки. Единственото нешто за кое сè уште можеме да размислуваме е како да ги организираме нашите работни места воопшто, да се грижиме за нашите четири деца и да ги координираме сите други состаноци“, се жали. Аника. Иако на училиште добива по 15 евра на час, тоа би требало да биде двојно повеќе за да им биде доволно за да живеат.

Засегнати се сите професии

Во меѓувреме, засегнати се сите професии. Олаф Карг (53) студирал социјално право и до крајот на минатата година работел само како посредник при договарање станбени кредити. Но, поради постојаното зголемување на каматите, бизнисот со кредитите практично престана, па сега работи како техничар за звук на конференции, како диџеј и како асистент во итната медицинска помош.

„Со само едно работно место би имал минимум 1.000 евра кусур месечно. Не може да си дозволи да ги одбие понудите за работа, бидејќи може да го заборават следниот пат кога ќе има „тезга“.

По седум часа како инженер за звук, доаѓам дома и потоа одам на повик во собата за итни случаи, така што лесно можам да работам 14 или 15 часа на ден.

Па дури и тоа едвај му е доволно. Единственото нешто што е константно е неизвесноста и прашањето како да заработите доволно пари, постојан стрес и планирање на цел работен ден. Со овие поскапувања и дневниците што ги добива не знае дали некогаш ќе се извлече од оваа ситуација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »