Промовирани огласи »

Нема владина одлука за поскапување на струјата, соопшти денеска Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Во соопштението, Кабинетот на Анѓушев наведува и дека Владата не одлучува за цената на струјата.

Воедно информира дека новиот закон за енергетика веќе се подготвува, а клучната цел е заштита на интересите на граѓаните. Законот е реформски, со него ќе се подобри севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор и јасно ќе се определат правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија.

– Новата законска рамка содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години, а нејзината крајна цел е, како што се наведува во соопштението. Станува збор за реформски закон што ќе биде усогласен со обврските преземени од Енергетска заедница за имплементација на Третиот пакет, што претставува сет директиви и регулативи на Европската унија. Рокот до кога требаше да се имлементира Третиот пакет беше 1 јануари 2015 година, а непочитувањето на преземените обврски беа причина Европската енергетска заедница да отвори спор против Македонија, наведува Кабинетот на Анѓушев.

Во соопштението стои и дека со имплементација на законот, Владата ќе ја врати Македонија на траекторијата на лидери во регионот во оваа област.

Промовирани огласи »

Италијанската економија можеби не е најсилна во Европа, но во едно се лидери – во правење сладолед.

Побарувачката за овој десерт од Италија направи најголем производител.
Минатата година во италеија се произведени 595 милиони литри од оваа замрзната посластица, популарно наречена таму џелато, што претставува 19 отсто од европското производство.

Таа количина може да се раздели на 6,8 милијарди топки сладолед, што значи дека Италијанците произведуваат сладолед со кој 90 отсто од сите луѓе на планетава може да добијат по една топка.

Ширум Италија постојат повеќе од 19.000 слаткарници што произведуваат сладолед, а секоја година тој број расте.
Нивното работење годишно донесува 1,4 милијарди евра. Во бизнисот со сладолед вработени се речиси 69.000 луѓе во Италија. Секој италијанец годишно во просек јаде по 100 топки сладолед.

Промовирани огласи »

Оние кои не се задоволни со дневниците на Балканот можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе.

Таму, имено, дневницата за берење аспарагус е 150 евра (околу 9.000 денари), работниот ден трае од осум до 10 часа со една пауза. Во недела не се работи.

Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 8,5 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа. Сепак, многу е атрактивна за странците, рекол Марио Котурич, член на Управата на Хрватскиот економски сојуз во Франкфурт за Слободна Далмација.

Од делот на овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако поднесат барање на крајот од даночната година.

Мислењата на интернет форумите се поделени - од воодушевување од брзата заработка, до разочарување од високите цени, посебно на цигарите и другите луксузни артикли.

Како недостатоци, најчесто се наведуваат тоа што се работи „по цел ден“ (не е прецизирано), што смештајот е во работни бараки и што обилен оброк чини по 10 евра на ден, но затоа наведуваат дека паузата за ручек трае еден час.

Промовирани огласи »

Преку букинг се резервираат апартмани кои граѓаните воопшо не можат да ги најдат. Од организаицјата на потрошувачи велат дека ова е најчестиот проблем со кои се соочуваат луѓето при купување на понуди за одмор преку интернет.

Кога прават резервација на сликите кои се прикачени на интернет гледаат еден апртман, за кој е наведено дека ги има сите услови и дека е блиску до плажа но кога ќе отидат на лице место сликата е друга. Поплаките пак од туристкичките агенции се намалуваат. Затоа од Организацијата посочувата да се внимава при правење на резервации преку интернер.

Како и секоја година така и оваа граѓаните најмногу проблеми имаат при купување на бела техника мобилни телефони но и со сметките. Чести се поплаките и од сервисерите кои ги има во ограничен број.

Од организацијата на потрошувачи апелираат до трговците самите спогодбено да ги решаваат споровите со потрошувачите за да не доаѓаат до ситуација да се соочуваат со инспекциските служби.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »