Промовирани огласи »

Почнале да се занимаваат со земјоделство, иако немале допирни точки, а сега извезуваат и во странство. 

Браќата Зоран и Борис Гвозденовиќ купиле земјиште, засадиле боровница и родот го продале во Холандија по цена од 5.45 евра по кг. 

Купиле  имот меѓу Топола и Крагуевац и засадиле боровница. 

„Решивме да засадиме боровница, која овде ретко се одгледува. Направивме овоштарник по систем на хидропонија. Тоа е садење во пластични вреќи на нива. Земјоделството се менува, и мора постојано да се учи“ - велат тие. 

За хектар боровница вкупно мора да се вложат 60.000 евра. 

За да има заработка мора да поминат две до три години. 

По садница првата година се берат 800 грама боровница. 

Објаснуваат дека може да се извезе само зрела боровница, а во Шумадија има добри услови за оваа култура.

Промовирани огласи »

Авиокомпанијата Визер  најавува нова услуга за патниците - „Fare Lock“, што ќе им овозможи на патниците да си го обезбедат летот со пакет по нивен избор за 48 часа.

Ова е уникатна функција креирана за да ги задоволи потребите и желбите на нашите патници, велат од Визер.
Оваа услуга им нуди можност на патниците на Визер да обезбедат селектиран билет за период од 48 часа за надоместок 3 евра за едно лице за резервации креирани повеќе од 7 дена пред датумот на заминување или датумот на првиот лет во случај на повратно летање.

Услугата може да се користи за резервации за еден правец, повратни летови и за неколку патници. Избраните летови, името или бројот на патниците не можат да се модификуваат во врска со обезбедената цена откако ќе се изврши исплата на заштитата на тарифите.

Со цел да се финализира резервацијата по цена обезбедена од оваа услуга, корисниците на Визер ќе мора да уплатат целосен износ на билет со кредитна картичка или со користење на кредит сметката во рок од 48 часа со пристап на страната на My Bookings. Ако резервацијата не е финализирана во рок од 48 часа од користењето на услугата „Fare Lock“, резервираната цена ќе биде автоматски откажана.

Промовирани огласи »

Милениумците го одолговлекуваат бракот и започнуваат семејства подоцна во својот живот, но постои едно нешто за кое не чекаат: нивното прво домашно милениче.

За многумина на возраст од 20 до 36 година, крзнените животинчиња се многу повеќе од слатки придружници – тие се ‘деца за почетници’.

Едно скорешно истражување од агенцијата за бизнис решенија Gale откrи дека 44 проценти од милениумците гледаат на своите миленичиња како “вежба” за имање деца, од кои, 21 процент истакнале дека тоа е главната причина поради која се одлучиле да вдомат животно, додека пак останатите 23 проценти изјавиле дека тоа е една од неколкуте причини. Минатата година, Вашингтон Пост објави статија според која барем три-четвртини од Американците во своите 30-ти години поседуваат куче, а нешто повеќе од половина – мачка.

Според маркетерите, општата прецепција кон милениците се променила со оваа генерација, а тие можат да ја искористат перспективата ‘миленици како деца’ во своја полза.

Според едно истражување на Wakefiled Research, милениумците размислуваат поинаку за она што е “есенцијален” производ за своите миленици. Три-четвртини од милениумци вклучени во студијата изјавиле дека поголема е веројатноста да потрошат пари на некој производ за своите миленици отколку за самите себе.

Студијата забележа дека за милениумците е многу важно производите да бидат направени од органски и природни материјали кои не предизвикуваат алергии кај милениците. Всушност, 86 проценти од милениумците одговориле дека природната храна е клучна кога е во прашање нивниот миленик.

Сопствениците на миленици кои живеат во градови преферираат достава до дома кога е тоа можно. Оние кои ги сметаат своите миленици за деца имаат волја и трпение да вложат време во истражување и одлучување дали некој бренд е соодветен за нивниот миленик, а многумина  следат  и инфлуенсери за миленици (petfluencers) на социјалните медиуми за да се во тек со новите трендови.

Нивните лични искуства ги споделуваат со други, така што услужливиот однос спрема нив може да истакне некој бренд. Бреднот за храна за миленици Chewy, на пример, предизвика постивни медиумски реакции откако им спрати подароци на сопствениците кои ги изгубиле своите миленици.

Како што брендовите се стремат да направат разлика во светот на домашните миленици и да ги следат дигиталните трендови, така сопствениците на миленици ја препознаваат моќта која брендовите може да ја имаат во нивните животи.

Промовирани огласи »

Во пресрет на локалните избори кои во Македонија ќе се одржат овој октомври, политичарот и актуелен градоначалник на општина Карпош, лансираше мобилна апликација преку која овозможува непосредна комуникација со него и неговиот тим.

“Следејќи ги светските трендови, градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ќе биде постојано online и преку оваа апликација за паметни уреди. Граѓаните, освен што побрзо ќе бидат запознаени со сите случувања и настани во Општина Карпош, самата апликација им нуди можност да пријават проблем на кој надлежните општински служби навремено ќе реагираат“ – информираат од општината.

Апликацијата засега е достапна само за корисниците на андроид смарт телефоните и може да се најде на Play Store на следниов ЛИНК.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »