Промовирани огласи »

Инстаграм својата услуга Stories започна да ја огласува на огласните паноа во Италија, Германија и САД. Со слоганот „Приказните се насекаде“ на корисниците им се соопштува дека приказните во апликацијата можат да се направат практично од ништо.

Агенцијата Wieden+Kennedy направи кампања која ги поттикнува корисниците на англиски, германски и италијански јазик да креираат приказна од “секоја снимка, секоја фотографија и било што друго.“

Минатата година Instagram изненади со услугата Stories, која повеќе од очигледно ја копираа од Snapchat. За една година, новата услуга стекна многу корисници. Според извештајот на порталот TechCrunch во јуни оваа година забележани се 250 милиони корисници дневно. Според истиот извештај, Instagram имал 700 милиони регистрирани корисници во април оваа година.

Промовирани огласи »

Фондот за здравство ги враќа сините картони за земање лекови, откако на електронските картички издадени во 2001 и 2012 година им истече рокот од 5 години.  Граѓаните кои немаат важечки картички и немаат сини картони, нема да можат да земат лекови.

Некои од аптеките во коишти се обрати НОВАТВ потврдија дека вакви насоки им биле дадени од Фондот за здравство.

-Отворија во системот и ми рекоа дека не можам да добијам лекови бидејќи ми требаат сини картони, а каричката не ми важи веќе, вели Р.С. од Скопје.

Дел од граѓаните дознале за ваквата измена предоцна, откако веќе чекале по шалтерите. Од Фондот за здравство засега не споделуваат информација како планираат  да се реши ситуацијата и побараа време за консултации на новото раководство со претходниот директор.

Засега нема фирма која што ќе печати нови картички. Фирмата која ги печатеше стави клуч на врата поради несогласувања со претходното раководство  кое не им ги исплаќало редовно ратите. Електронските здравствени картички пратично не функционираат, а на 500 000 граѓани ќе им престане важноста на картичките до крај на годината. Фирмите почнаа да се враќаат сините картони.

-Ако можеме да најдеме некакво преодно решение да не чини многу би било идеално, но не знам колку е тоа технички возможно. Јас во понеделник имам закажано средба со директорите на Фондот за здравство и со службата за електронско здравство. Ќе седнеме ќе разгледаме за да најдеме најдобро решение за овој период од пет – шест месеци. Ако ништо друго барем да не се вратат плави картони, да се продолжат овие картички да функционираат или да одиме со нова набавка додека се организира нов тендер за нови картички, изјави неодамна министерот за здравство Арбен Таравари.

Во изминативе години повеќе пати имаше прекин и застој во печатењето на картичките. Хрватската фирма која го доби тендерот за изработка лани се повлече, а Министерството за здравство не распиша нов тендер. Здравствените власти не одговорија каде заглави тендерот, па така дел од граѓаните и покрај тоа што уплатија за картички мораа да одат на лекар со сини картони. Нјаголем дел од  46 000 вработени од здравствениот сектор и нивните семејства кои уплатија останаа без електронски здравствени картички.
Првите електронски здравствени картички беа испечатени во 2011-та година, а и покрај тоа продолжија да се користат здравствените книшки. Електронските картички ги заменија само сините картони, бидејќи во нив се содржеа само основните податоци и можеше да се види само дали пациентот е осигуреник на Фондот, но немаше информации за целата здравствена историја на пациентите.
Иако според првичните најави на тогашните здравствени власти беше предвидено да бидат бесплатни бидејќи за целиот проект имаше обезбедено 7,5 милиони евра, тогашниот министер за здравство Тодоров сепак одлучи електронските картички граѓаните сами да си ги купуваат. Од џебот на граѓаните за оваа намена се собраа од 7 до 8 милиони евра.

Промовирани огласи »

Некои работодавци заслужуваат златни медаљи и лојаност до крајот на животот. KARIERA.mk споделува со вас неколку инспиративни менаџери од светот кои не штеделе да ги направат своите вработени најсреќни.

Мотивацијата пред се би сакале да допре и до менаџерите и работодавците во нашата држава и да видиме вакви изненадувања многу брзо и тука.

1. Chatri Sityodtong потроши £ 400,000 и ги испрати своите вработени на одмор на Малдиви.

Основачот на Evolve, , одлучи да им изрази благодарност на своите вработени за зголемување на приходите на компанијата за 30% со овој голем подарок.
Локацијата била чувана во тајност, единствено што неговите вработени сигурно знааеле е дека одат во луксузни апартмани во хотел со 5 ѕвездички негде во светот.

2. Savji Dholakia си поставил цел да им овозможи на своите вработени свои станови и автомобили во рок од 5 години.

Харе Кришна Експорт е огромна индиска корпорација со стотици работници што извезуваат дијаманти, па затоа не е ни чудо што нејзиниот извршен директор има пари за такви гестови. Савџи ги дал првите 1.260 автомобили и 400 станови за своите најпродуктивни вработени во април 2016 година.

Меѓутоа овој великодушен работодавец истовремено, има 21-годишниот син кој го испратил во еден мал рурален град во јужниот дел на земјата за да се здобие со искуство, давајќи му плата од само 7.000 рупии (108 долари).

3. Stefan Sagmeister им дава на своите вработени едногодишно отсуство на секои 7 години.

Овој познат графички дизајнер и сопственик на Sagmeister & Walsh смета дека ако немате таков долг одмор, можете да се откажете како уметник и да го изгубите вашиот потенцијал.

За да ја докаже поентата, Стефан, за време на својот прв одмор, не само што закрепнуваше и патуваше низ светот, туку и излезе со многу нови идеи што потоа ги донесе во наредните 7 години.

Промовирани огласи »

Понекогаш обврските и стресот како и многучасовното работење носат до таложење на дополнителни килограми и нашето тело целосно се менува.

Додека сите трчаме кон успехот и често го занемаруваме нашето тело, KARIERA.mk ве советува како да останете најадени и да внесувате намирници кои нема да му штетат на организимот и лесно ќе се преработуваат.

ЦЕЛЕР

Околу 95% од целерот е вода. Овој супер здрав производ содржи 30% од дневната потреба за витамин К. Најдобро е да се јаде кога е свеж, бидејќи во рок од пет дена по сечењето го губи поголемиот дел од неговите корисни својства.

БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ

Белка од јајце можете да јадете во огромни количини. Тоа е дури и корисно за оние кои следат строга диета. Измешајте ги белките со неколку домати и добијте го најздравениот омлет!

Меѓутоа, ако се грижите за вашата фигура, подобро е омлетот да не го пржите во масло.

КРАСТАВИЦА

Краставиците содржат речиси иста количина на вода како целерот. Свежите крцкави краставици имаат значителни здравствени придобивки.

Љушпата на краставицата содржи најголем дел од својата хранлива вредност, особено бета-каротен, што е добар за вашите очи. Затоа, наредниот пат пробајте да оставите малку од љушпата.

КАРФИОЛ

Карфиолот е одличен извор на витамини Ц и К. Најмногу е хранлив кога се јаде суров и непреработен.

ДОМАТИ

Доматите се полни со ликопен, витамини А, Ц и Б2, фолна киселина, влакна, хром и калиум. Тие практично скоро и да немаат калории и ни даваат разни хранливи состојки од витално значење за нашето здравје.

БРОКУЛА

Брокулата е омилена храна на оние кои губат телесната тежина. Покрај витамини А, Ц, Е и К, содржи околу 20% од потребниот дневен внес на влакна.

ПУКАНКИ

Едно пакетче испукани пуканки никогаш нема да влијае лошо на вашето тело. Оваа "филмска" закуска главно се состои од воздух, и можете да уживате во јадењето без страв од дополнителна тежина.

ГРЕЈПФРУТ

Грејпфрутот помагаат да се стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Тие се полни со витамин Ц, и поради нивната ниска калориска вредност, тие можат да ви помогнат да ги намалите неколку екстра сантиметри околу половината.

ЈАГОДИ

Јагодите се неопходен производ за сите оние кои сакаат да изгубат телесна тежина. Јагодите се богати со калиум и влакна и имаат антиинфламаторно дејство.

КАПИНИ

Капините се полни со антиоксиданти и витамин Ц. Плус, тие имаат неверојатен вкус. Калоричната содржина на производот е релативно ниска.

ПОРТОКАЛ

Портокалите се едно од највкусните плодови. Тие се најдобро познати по содржината на витамин Ц. Патем, белиот дел под љушпата на портокалот, содржи многу влакна, што помага да се намали холестеролот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »