Понекогаш обврските и стресот како и многучасовното работење носат до таложење на дополнителни килограми и нашето тело целосно се менува.
Додека сите трчаме кон успехот и често го занемаруваме нашето тело, KARIERA.mk ве советува како да останете најадени и да внесувате намирници кои нема да му штетат на организимот и лесно ќе се преработуваат.
ЦЕЛЕР
Околу 95% од целерот е вода. Овој супер здрав производ содржи 30% од дневната потреба за витамин К. Најдобро е да се јаде кога е свеж, бидејќи во рок од пет дена по сечењето го губи поголемиот дел од неговите корисни својства.
БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ
Белка од јајце можете да јадете во огромни количини. Тоа е дури и корисно за оние кои следат строга диета. Измешајте ги белките со неколку домати и добијте го најздравениот омлет!
Меѓутоа, ако се грижите за вашата фигура, подобро е омлетот да не го пржите во масло.
КРАСТАВИЦА
Краставиците содржат речиси иста количина на вода како целерот. Свежите крцкави краставици имаат значителни здравствени придобивки.
Љушпата на краставицата содржи најголем дел од својата хранлива вредност, особено бета-каротен, што е добар за вашите очи. Затоа, наредниот пат пробајте да оставите малку од љушпата.
КАРФИОЛ
Карфиолот е одличен извор на витамини Ц и К. Најмногу е хранлив кога се јаде суров и непреработен.
ДОМАТИ
Доматите се полни со ликопен, витамини А, Ц и Б2, фолна киселина, влакна, хром и калиум. Тие практично скоро и да немаат калории и ни даваат разни хранливи состојки од витално значење за нашето здравје.
БРОКУЛА
Брокулата е омилена храна на оние кои губат телесната тежина. Покрај витамини А, Ц, Е и К, содржи околу 20% од потребниот дневен внес на влакна.
ПУКАНКИ
Едно пакетче испукани пуканки никогаш нема да влијае лошо на вашето тело. Оваа "филмска" закуска главно се состои од воздух, и можете да уживате во јадењето без страв од дополнителна тежина.
ГРЕЈПФРУТ
Грејпфрутот помагаат да се стабилизира нивото на шеќер во крвта.
Тие се полни со витамин Ц, и поради нивната ниска калориска вредност, тие можат да ви помогнат да ги намалите неколку екстра сантиметри околу половината.
ЈАГОДИ
Јагодите се неопходен производ за сите оние кои сакаат да изгубат телесна тежина. Јагодите се богати со калиум и влакна и имаат антиинфламаторно дејство.
КАПИНИ
Капините се полни со антиоксиданти и витамин Ц. Плус, тие имаат неверојатен вкус. Калоричната содржина на производот е релативно ниска.
ПОРТОКАЛ
Портокалите се едно од највкусните плодови. Тие се најдобро познати по содржината на витамин Ц. Патем, белиот дел под љушпата на портокалот, содржи многу влакна, што помага да се намали холестеролот.