Промовирани огласи »

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, презентира случај на незаконско делување во кој биле вклучени високи функционери од минатата власт. Се работи за изземање на фирми од присилна наплата на долгови, односно 37 фирми биле повластени пред законите кои важеле за сите други.

Во изминативе две години, односно периодот 2015-2016 година, 37 фирми од Скопје и приватни и државни правни субјекти биле отстранувани од постапки за присилна наплата на милионски долгови. Според Лукаревска, станува збор за амнестија за плаќање данок на штета на буџетот на РМ. Лукаревска вели дека никој не смее да биде амнестиран, но и дека не смее да ги открие имињата на фирмите. Таа најави истрага и постапки за дисциплинска одговорност за вработени во УЈП кои биле инволвирани во овие незконски постапки.

Засега само двајца вработени се опфатени со дисциплинска одговорност кои незаконското работење го правеле во информатичкиот систем.

Промовирани огласи »

Кога станува збор за самодоверба тоа е секогаш почеток на добар менаџмент во една организација.

Прво, самиот менаџер треба да има самодоверба во себе. Второ, секој вработен треба да има самодоверба во себе за работата која ја изведува и третото кога постои индивидуална самодоверба се добива и организациска самодоверба.

Оваа самодоверба се поттикнува од страна на менаџерот, како и од страна на самите вработени меѓусебно помагајќи си во извршување на работата. Замислете ситуација во која еден од вработените нема самодоверба во себе за извршување на некоја работна задача.

Доколку менаџерот му помогне или едноставно го насочи давајќи му квалитетни насоки за исполнување на задачата таа самодоверба ќе се инсталира во вработениот. Втората алтернатива, е кога вработениот знае дека секогаш кога ќе заглави колегијалноста во работната организација ќе му помогне едноставно да се одглави.

Затоа, задачата на менаџерот е секогаш да ја крева сопствената самодоверба како и самодовербата кај своите вработени, за да успее да изгради една клима на високо ниво на организациска колегијалност со што ќе се влезе во една спирала на постојано градење на организациска и меѓусебна самодоверба.

Промовирани огласи »

За споредба, просечната пензија во Словенија изнесува 615 евра, во Хрватска 306 евра, во Македонија 224 евра, во Србија 198 евра, во БиХ 189 евра, а Црна Гора има просек од 284 евра, пренесува агенцијата Анадолија. 

Во најдобра положба се пензионерите од Словенија, но се наведува дека и Црна Гора има добри резултати на ова поле. 

Во Црна Гора најниската пензија загарантирана со закон е 122 евра. 

Земјата има 122.871 корисници на пензија. 

Пензионерите се загрижени, но властите во Црна Гора соопштија дека оваа година пензиите нема да бидат замрзнати. 

Промовирани огласи »

Обука за менторство и менторски процес на бизнис жени – идни менторки, ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“.

Проектот е финансиран од Европската унија, а го спроведува Здружението на бизнис жени во партнерство со Бизнис Конфедерација на Македонија и Институт за менаџмент поддршка.

Како што информираат организаторите, тренингот ќе се одржи во Канцеларијата за млади на Општина Центар – Скопје, а е наменет за жените, претприемачки и менаџерки, заинтересирани да се вклучат во менторскиот процес, како менторки.

– Содржините на обуката се насочени кон аспектите, знаењата и вештините потребни за успешно менторирање. Кон обуката, со присуство и презентација, како поддршка на проектните активности, ќе се приклучи и претставник на АВРМ, при што жените – идни менторки директно и во детали ќе бидат запознаени со тековните активности и мерки на АВРМ за (само)вработување, се наведува во соопштението.

Оваа обука е втора, од предвидените три, и е вовед во менторирањето на целната група на проектот, како составен дел од сеопфатниот проектен модел за поддршка на самохраните мајки, особено жртвите на семејно насилство. Има за цел да им помогне во изнаоѓањето и искористувањето на можностите за постојано вработување и/или самовработување, во соработка со општините, надлежните институции и бизнис секторот, преку соодветни инфо сесии, како и со испорака на бизнис и вокациски обуки и соодветен процес на менторирање, наведуваат организаторите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »