Промовирани огласи »

Изградбата на кампусот на „Епл“ полека влегува во завршна фаза, а отворањето на кампусот наречен „Spaceship“ се очекува да се случи во текот на 2017 година. Огромен дел од работите се завршени во последниве шест месеци, пишува Бизнис инсајдер.

Кампусот треба да стане дом за 13.000 вработени во „Епл“.

Погледнете повеќе во видеотo

Промовирани огласи »

Францускиот суд ја прогласи Кристин Лагард, претседателот на Меѓународниот монетарен фонд, за виновна под обвинение за невнимание, но го одби барањето на обвинителството и донесе одлука дека таа нема да биде казнета.

Лагард, како  министер за финансии на Франција во 2008 година одобри награда во висина од 404 милиони евра за бизнисменот Бернар Тапи.

Лагард, која не беше присутна за време на изрекувањето на одлуката, минатиот петок изјави дека не се чувствува виновна.

Промовирани огласи »

Не знаете како да почнете да барате нова работа додека се уште сте на вашето старо работно место? Вие треба да знаете како да го направите тоа, во случај да треба да избегате од не поднослива работна  средина, но не можете да си дозволите да престанете да работите, додека не најдете нова опција. Еве 5 маки кои начесто ги мачат овие луѓе:


1. Што ако дознае мојот директор?

Не кажувај некому! Не им кажувајте на вашите колеги за вашата потрага по нова работа, и не им дозволувајте да го користат вашиот деловен е-мејл или телефон за да случајно не дознаат за вашата мала тајна. Одговарајте на понудите за работа за време на ручек, за време на вашата пауза, во вечерните часови или за време на викендите. Обрнете им внимание на работодавците каде аплицирате дека вашата апликација е доверлива!

2. Како можам да одам на интервју за работа, ако сеуште работам со полно работно време?

Јасно наведете дека во моментот сте вработени и дека вашите обврски не завршуваат до 5 часот. Доколку компанијата е навистина професионална, тие ќе покажат добра волја и професионалност за да се сретнат со вас подоцна. Добар работодавец ќе разбере дека не може да најде одличен апликант во 2 часот на пладне!

3. Што да правам ако мојот шеф дознае дека барам нова работа?

Ако вашиот шеф се посомнева дека барате нова работа можете со насмевка да кажете дека секогаш сакате да бидете во тек со настаните и дека сакате да го изразите вашиот талент во најдобро светло бидејќи секој треба да го прави тоа!

4. Што ако одам на интервју за работа и се сретнам со некој што го знам?

Веднаш штом завршите јавете му се на тоа лице  и објаснете му дека вашата средба на таа локација е доверлива и дека не би сакале никој да дознае за тоа.

5. Што ако имам разговор во 5:15 попладне? Како можам да објаснам зошто сум облечен/а во костум на работа, кога јас секогаш носам фармерки, маичка или никогаш не носам вратоврска?

Едноставно не можете да објасните! Најдобро е да ги планирате вашите интервјуа за малку подоцна во вечерните часови, или пак да ја оставите вашата облека за на интервју во колата каде што после работа ќе можете да се пресоблечете.

Промовирани огласи »

Глобалната економија ќе порасне оваа година за 2,4 отсто, а благодарение на високата појдовна основа, идната година се очекува тој раст да достигне 2,9 проценти, додека во 2018 година тој благо ќе успори на 2,7 отсто, оценува германскиот економски институт Ифо.

Во најновата анализа на движењето на глобалното стопанство, Ифо наведува дека новата проценка за растот на светскиот БДП за оваа година, благо ќе биде ревидирана во минус за 0,1 процентен поен, во однос на проценките од јуни, додека прогнозата за 2017 година остана непроменета.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »