Не знаете како да почнете да барате нова работа додека се уште сте на вашето старо работно место? Вие треба да знаете како да го направите тоа, во случај да треба да избегате од не поднослива работна средина, но не можете да си дозволите да престанете да работите, додека не најдете нова опција. Еве 5 маки кои начесто ги мачат овие луѓе:
1. Што ако дознае мојот директор?
Не кажувај некому! Не им кажувајте на вашите колеги за вашата потрага по нова работа, и не им дозволувајте да го користат вашиот деловен е-мејл или телефон за да случајно не дознаат за вашата мала тајна. Одговарајте на понудите за работа за време на ручек, за време на вашата пауза, во вечерните часови или за време на викендите. Обрнете им внимание на работодавците каде аплицирате дека вашата апликација е доверлива!
2. Како можам да одам на интервју за работа, ако сеуште работам со полно работно време?
Јасно наведете дека во моментот сте вработени и дека вашите обврски не завршуваат до 5 часот. Доколку компанијата е навистина професионална, тие ќе покажат добра волја и професионалност за да се сретнат со вас подоцна. Добар работодавец ќе разбере дека не може да најде одличен апликант во 2 часот на пладне!
3. Што да правам ако мојот шеф дознае дека барам нова работа?
Ако вашиот шеф се посомнева дека барате нова работа можете со насмевка да кажете дека секогаш сакате да бидете во тек со настаните и дека сакате да го изразите вашиот талент во најдобро светло бидејќи секој треба да го прави тоа!
4. Што ако одам на интервју за работа и се сретнам со некој што го знам?
Веднаш штом завршите јавете му се на тоа лице и објаснете му дека вашата средба на таа локација е доверлива и дека не би сакале никој да дознае за тоа.
5. Што ако имам разговор во 5:15 попладне? Како можам да објаснам зошто сум облечен/а во костум на работа, кога јас секогаш носам фармерки, маичка или никогаш не носам вратоврска?
Едноставно не можете да објасните! Најдобро е да ги планирате вашите интервјуа за малку подоцна во вечерните часови, или пак да ја оставите вашата облека за на интервју во колата каде што после работа ќе можете да се пресоблечете.