Промовирани огласи »

Македонските граѓани во мај купија 332 нови патнички автомобили, а ако на ова се додадат и уште 71 лесни доставни возила ќе се добие бројка од вкупно 403 продадени возила на македонскиот авто- пазар во овој месец. Ова го покажува извештајот на австриската консултантска куќа „ЦЕ ауто“, која се повикува на податоците од Групацијата на импортери на автомобили на Република Македонија и според него во периодот од јануари до мај 2017 година во земјава се продадени вкупно 2.184 лесни возила, од кои 1.830 се патнички, а 354 доставни комерцијални возила, т.н. пик-ап и комби- возила.

Сепак, бројот на продадени возила во авто- салоните во земјава сигурно е поголем бидејќи во извештајот на „ЦЕ ауто“ не се вклучени бројките за продажба на моделите на „Нисан“, „Хјундаи“, „Мазда“, БМВ и „Мерцедес“.

Според достапните податоци, „ЦЕ ауто“ заклучува дека во земјава опаѓа продажбата на нови возила и по стапувањето во сила на забраната за увоз на употребувани возила кои што се со Еуро 3 еколошки стандарди на 1 јули 2016 година. Имено, овој мај, бројот на патнички возила кои се продадени во авто- салоните е помал за 7 отсто на годишно ниво, додека за периодот јануари- мај продажбата е намалена за 1 отсто споредено со истиот период лани.

Изненадување на пол позицијата

На листата на најпродавани модели, во месец мај, изненадувачки на пол позицијата се најде „пежо 301“, со пазарен удел од 6,9 отсто. Најверојатно станува збор за флотна продажба на такси- компанија или друг деловен субјект, што придонесе овој модел да се пробие меѓу првите десет автомобили по продажба во првите пет месеци од годинава. Потоа следат „форд фиеста“, „опел корса“ и „тојота корола“. На петто место е „киа спортаж“, на седмо и на девето место се две доставни возила „фиат добло“ и „фиат дукато“, а на десеттото место во мај е минатогодишниот шампион по продажа „дачија дастер“.

Според податоците од „ЦЕ ауто“, во мај, најбарани се моделите на францускиот производител „Пежо“, кој продаде вкупно 47 патнички возила од сите марки. На втора позиција со продадени 45 автомобили е американскиот „Форд“, а по него е германски „Фолксваген“, кој за еден месец во земјава продал 37 возила од сите неговите брендови. На четврта позиција е чешката компанија „Шкода“ со 35 продадени автомобили, а во мај со возила на јапонската „Тојота“ се подновија 25 македонски возачи.

Од доставните возила најпродавани се моделите на „Фиат“ (28 возила), „Опел“ (12), а „Цитроен“ и „Фолксваген“ продале по 10 пик- апи или комбиња.

Навалица за половни

И додека стагнира продажбата на нови возила, цвета увозот на половни возила, од кои најголем дел се дизелаши, кои веќе не смеат да се возат во европските метрополи. Според статистиката од Царинската управа на Македонија, во првите шест месеци од годинава се увезени вкупно 14.260 патнички возила, од нив нови автомобили се 2.779, а дури 9.987 се употребувани возила.

За околу 3.000 евра на многубројните авто- плацеви низ земјава може да се купи автомобил од класата на „голф 5“ или друга марка стара од 10 до 15 години. Оваа цена е најдостапна за економската моќ на македонските возачи, но од друга страна не може да се измери во пари цената што ја плаќаме поради загадувањето на животната средина од нивните издувни гасови. Статистичката публикација за транспорт дава загрижувачки податоци дека дури 79,4 отсто од автомобилите во земјава, или околу 305.000 возила се постари од 10 години. Само околу 6.000 возила се помлади од две години, што изнесува 1,6 отсто во однос на 384 илјади патнички моторни возила, колку што биле вкупно регистрирани на крајот од 2015 година.

Промовирани огласи »

Како се однесуваме кон луѓето кои изгледаат убаво и се средени а како кон оние кои изгледаат сиромашно?

Што ако се работи за дете? Колку парите влијаеле на нашите очи во нашите животи?

Погледнете го инспиративново видео и запрашајте се како се однесувате кон различни луѓе секојдневно.

Не заборавајте - на почетокот, сите сме луѓе !

Промовирани огласи »

Ferrero ќе инвестира вкупно 8.2 милиони фунти за маркетинг на своите производи за овај Божиќ.

Овај Божиќ, Нутела во Велика Британија ќе започне телевизиска кампања вредна 1,1 милиони фунти како дел од пошироката инвестиција на брендот во текот на празничниот период.

Кампањата ќе содржи ТВ оглас, празнични амбалажи за пакувањата од 400g, 750g и 1kg, потоа дигитални, социјални и искуствени активации.

Сопственикот на брендот, компанијата Ferrero, за овај Божиќ ќе инвестира вкупно 8,2 милиони фунти со цел лансирање на нови производи од своите брендови, вклучувајќи адвентски календари и нови пакувања на чоколадните производи.

„После успешниот Божиќ во 2016 година, како водечки производител на кондиторски производи, ни е важно да понудиме производи и линии кои ќе ги исполнат различните празнични потреби“, изјавја од Nutellа.

„Без разлика дали се работи за подарок, нешто што ќе го споделите или едноставно ќе се почестите и уживате со саканите, знаеме дека купувачите ги сакаат нашите производи и дека тие се неизоставен дел од секој Божиќ.“

Промовирани огласи »

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Кај корпоративното кредитирање е забележано намалување.

Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека кредитите на домаќинствата имаат месечен раст од 0,8 отсто, а 9,8 отсто на годишно ниво, при што најголем дел од зголемувањата се должат на растот на денарските пласмани.

Меѓу одобрените кредити потрошувачките имаат забележан месечен раст од 1,1 отсто, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот раст кај потрошувачките е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кај автомобилските кредити продолжен е надолниот тренд, при што  на месечно ниво намалувањето е 0,9 проценти, а 10,8 проценти годишно. Раст е забележан кај одобрените кредити на кредитни картички од 0,2 отсто на месечно ниво, но на годишно ниво има намалување од 0,5 проценти. Раст и на месечно и на годишно ниво  од еден, односно од 4,5 проценти, има кај негативните салда на тековните сметки. Кредитите одобрени по други основи бележат намалување на месечно ниво од 0,6 проценти, а на годишно ниво раст од 1,5 отсто.

Кредитите на претпријатијата бележат намалување од 0,2 отсто како резултат на намалување на девизното кредитирање, кое, како што наведуваат од НБРМ, го надминува растот на денарското кредитирање.

Според податоците на НБРМ, депозитите во јули бележат мало намалување од 0,1 процент при што падот на депозитите на домаќинствата го надминува растот на депозитите од корпоративниот сектор. На годишна основа депозитите се зголемени за 7,3 отсто, при поизразен приоднес на корпоративниот сектор.

Депозитите на домаќинствата бележат месечен пад од 0,4 проценти, главно заради месечното намалување на депозитните пари. На годишна основа депозитите на домаќинствата се повоски за 5,4 проценти, при раст и кај денарските и кај девизните депозити.

Депозитите на корпоративниот сектор бележат месечно и годишно зголемување од 0,6, односно 11,4 проценти. Најзначаен придонес имаат депозитните пари и краткорочните девизни депозити.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »