Промовирани огласи »

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Кај корпоративното кредитирање е забележано намалување.

Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека кредитите на домаќинствата имаат месечен раст од 0,8 отсто, а 9,8 отсто на годишно ниво, при што најголем дел од зголемувањата се должат на растот на денарските пласмани.

Меѓу одобрените кредити потрошувачките имаат забележан месечен раст од 1,1 отсто, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот раст кај потрошувачките е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кај автомобилските кредити продолжен е надолниот тренд, при што  на месечно ниво намалувањето е 0,9 проценти, а 10,8 проценти годишно. Раст е забележан кај одобрените кредити на кредитни картички од 0,2 отсто на месечно ниво, но на годишно ниво има намалување од 0,5 проценти. Раст и на месечно и на годишно ниво  од еден, односно од 4,5 проценти, има кај негативните салда на тековните сметки. Кредитите одобрени по други основи бележат намалување на месечно ниво од 0,6 проценти, а на годишно ниво раст од 1,5 отсто.

Кредитите на претпријатијата бележат намалување од 0,2 отсто како резултат на намалување на девизното кредитирање, кое, како што наведуваат од НБРМ, го надминува растот на денарското кредитирање.

Според податоците на НБРМ, депозитите во јули бележат мало намалување од 0,1 процент при што падот на депозитите на домаќинствата го надминува растот на депозитите од корпоративниот сектор. На годишна основа депозитите се зголемени за 7,3 отсто, при поизразен приоднес на корпоративниот сектор.

Депозитите на домаќинствата бележат месечен пад од 0,4 проценти, главно заради месечното намалување на депозитните пари. На годишна основа депозитите на домаќинствата се повоски за 5,4 проценти, при раст и кај денарските и кај девизните депозити.

Депозитите на корпоративниот сектор бележат месечно и годишно зголемување од 0,6, односно 11,4 проценти. Најзначаен придонес имаат депозитните пари и краткорочните девизни депозити.

Промовирани огласи »

Се чини дека половина од денот го посветуваме на работата и се помалку време имаме за нашите најблиски и за самите себе. Во нашата држава се работи најмалку 8 часа дневно а се повеќе се забележува работење над 8 часови кое не е регулирано со платен надоместок.

Според едно истражување кое е направено на 600.000 луѓе, откриено е дека оние кои работат над 55 часа неделно имаат дури 33% шанса да добијат срцев удар, одошто оние кои работат 35 – 40 часа неделно.

Шведска одлучила да се води по ова истражување и да воведе стандардно 6-часовно работно време.

Мислам дека никој не може да биде продуктивен цели 8 часа дневно. Никој не може да остане фокусиран. Досега на нашите вработени им дававме простор да се релаксираат меѓу часовите за да можат поефективно да работат, но сега воведовме 6-часовно работно време, бидејќи важно е секој од нас да има време кое ќе го поминува со семејството и во кое ќе се посвети на личниот развој– вели Лајнус Фелдт, извршниот директор на Filmundus.

Откако оваа компанија го заменила стандардното 8-часовно работење за 6-часовно, забележале зголемување на продуктивноста и среќата на вработените.

За да има ефект и да не се наруши продуктивноста на компанијата, извршниот директор ги замолил во текот на тие 6 часа да ги избегнуваат социјалните мрежи и ги скратиле состаноците.

Фелдт изјавува дека продуктивноста на работниците значајно се зголемила, а самите работници се посреќни и поодморени.

Во Шведска ова не е единствената компанија која започнала да воведува 6-часовно работење, а ниту една досега не изјавила некакви проблеми.

Промовирани огласи »

Актерот Сашко Коцев за инцидентот кој се случи во Охрид и во кој беше инволиран и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески вели дека нема многу што да коментира и дека сѐ што требало кажал во полиција. 

Коцев рече дека имал забелешки за доцнењето и за организацискиот дел, a критики упатил до повеќе луѓе, не само до Бакрачески. 

На свечениот коктел по претставата „На ничија земја“, која третира случки од воениот српско-босански конфликт во деведесетите, со која заврши 57-то издание на „Охридско лето“ имаше инцидент. 

Општина Охрид денеска објави официјален став на градоначалникот Никола Бакрачески во врска со вчерашното случување при затворањето на фестивалот „Охридско лето“.



Завчера по претходна официјална покана од Дирекцијата на фестивалот Охридско лето, градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на чинот на свеченото затворање на фестивалот на сцената во охридската касарна кадешто се одржуваше претставата „Ничија земја„ на кој настан беа присутни голем број на официјални лица и владини претставници (министри, заменици министри, директори а меѓу нив и Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери - стои во дел од соопштението. 

Тие изразуваат жалење за инцидентот и велат дека не им се познати причините зошто дојде до една ваква ситуација. 

Промовирани огласи »

За многумина штедењето е речиси невозможна мисија со оглед на нашиот стандард и на тоа дека некогаш си дозволуваме да потрошиме повеќе од тоа што можеме да си дозволиме.

Тимот на KARIERA.mk се врати од одмори и сака сподели неколку интересни идеи како да заштедите, а притоа вашиот џеб тоа да не го почувствува:

  • На крајот од денот, сите монети од паричникот ставете ги настрана, во касичка или тегла. За неколку месеци ќе соберете доволно пари за да си купите нов телефон. Особено обврнувајте вниманиее на монетите од 50 ден кои ќе ви го збогатат фондот побрзо.
  • Не купувајте кафе и јадење додека сте на работа. Носете ги од дома. Ќе се храните поздраво, и ќе заштедите.
  • Собирајте ги промотивните флаери од маркетите, наместо да ги фрлате. Со купување на производи кои ви требаат, а се намалени ќе успеете да заштедите неколку стотки во месецот.
  • Следете ги сајтовите кои нудат ваучери за попуст.
  • Облека и чевли купувајте на крај на сезона кога се намалени, а не на почеток на сезона кога се најскапи.
  • Наместо да купувате нова облека, направете корекции на онаа која веќе ја имате. Широките кошули и фустани кои ви се здосадени можат да бидат новите здолништа.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »