Актерот Сашко Коцев за инцидентот кој се случи во Охрид и во кој беше инволиран и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески вели дека нема многу што да коментира и дека сѐ што требало кажал во полиција.
Коцев рече дека имал забелешки за доцнењето и за организацискиот дел, a критики упатил до повеќе луѓе, не само до Бакрачески.
На свечениот коктел по претставата „На ничија земја“, која третира случки од воениот српско-босански конфликт во деведесетите, со која заврши 57-то издание на „Охридско лето“ имаше инцидент.
Општина Охрид денеска објави официјален став на градоначалникот Никола Бакрачески во врска со вчерашното случување при затворањето на фестивалот „Охридско лето“.
Завчера по претходна официјална покана од Дирекцијата на фестивалот Охридско лето, градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на чинот на свеченото затворање на фестивалот на сцената во охридската касарна кадешто се одржуваше претставата „Ничија земја„ на кој настан беа присутни голем број на официјални лица и владини претставници (министри, заменици министри, директори а меѓу нив и Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери - стои во дел од соопштението.
Тие изразуваат жалење за инцидентот и велат дека не им се познати причините зошто дојде до една ваква ситуација.