Промовирани огласи »

Луѓето кои почнале свој бизнис и заработиле милиони не се студенти, туку луѓе во педесетите години. 

Марк Цукерберг е исклучок, но има многу луѓе кои успеале во средна доба или повозрасни. 

Многу луѓе  до 30-те години работеле некоја сосема обична работа, но подоцна станале богати. 

Најважно е дека работата почнува со добра идеја. 

Ако имате идеја, мора да делувате брзо. 

За почеток се потребни пари, да се направи истражување на пазарот и да се најде партнер доколку е потребно.

Промовирани огласи »

Прекрасно е чуството кога радоста и среќата ќе се споделат со некој друг велат младенците Ана и Игор Стојанов кои ги изненадиле гостите на својата венчавка кога ги замолиле наместо цвеќе и бомбониери, кои вообичаено се носат со свадбените подароци, да донесат детски играчки и сликовници.

Тие сите тие играчки ги донирале за Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух, говор и глас во Битола, каде што живеат и самите.

Чуството кога радоста и среќата се споделуваат е прекрасно. Токму затоа јас и мојот сопруг Игор одлучивме по пат на свадбените покани од нашите гости да побараме наместо букет цвеќиња или бомбониери да ни донесат детски играчки, боенки, сликовници за да можеме да ги донираме на Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух, говор и глас во Битола. Морам да признаам дека гостите не изненадија пријатно со позитивните реакции и голем број на играчки кои ги донесоа за децата на кои подоцна им ги подаривме. Радоста и насмевките на нивните лица ги исполнија нашите срца а тоа чуство не може да се опише со зборови. Желбата ни е овој наш гест да биде поттик на сите останати кои планираат да стапат во брак да направат нешто слично, добро и хумано, изјавила Ана за Битолски весник.

Децата и вработените во Заводот не го криеле воодушевувањето од подароците кои ги добиле од новопечените младенци и нивните гости.

Оваа приказна брзо се рашири по социјалните мрежи и веќе е топ тема и во медиумите од регионот.

Промовирани огласи »

Како споделувате информации со вашите колеги или пак бизнис партнери? Телефонските разговори и праќањето на писма оддамна изумреа, пред се поради трошоците кои ги носеа на компаниите низ светот.

Се чини дека бизнисите живеат online, па така и алатките за комуникација се преместија во online светот.

KARIERA.mk ви предложува неколку начини за комуникација и споделување на фајлови кои морате да ги пробате.

SKYPE

Skype е алатка која навистина го измени телекомуникацискиот свет. Со гласовни и видео повици, како и чет системот, трансфер на фајлови и конференциски повици Skype стана алатка која мора да се поседува и користи од страна на претприемачите.

Големиот број на бесплатни сервиси може да ги намалат бизнис трошоците и што е најважно, едноставен е за користење.

GOOGLE DOCS

Google Docs во подобрена верзија се чини дека повеќе внимание дава на соработка помеѓу група на луѓе. Сега истовремено може повеќе соработници да работат на еден документ без разлика дали е табела, текст или некоја презентација.

Доколку имате интернет, немате средства за лиценцирање на MS Office ќе претставува доследна бесплатна замена за Вашите бизнис решенија и во некои случаи дури и подобра.

DROPBOX

Dropbox e место за сигурно чување на различни документи и претставува солидно средство за еден бизнис. Бесплатната верзија е ограничена до 2 GB простор.

Преку овој програм можете да споделувате фајлови со други партнерски компании или пак со вашите колеги од дома или од вашето работно место со споделување на само еден линк.

HANGOUTS

Прилично едноставен систем за разговор и брзо комуницирање низ канцеларијата. Штом се логирате на вашиот gmail од левата страна ви се појавува можност за разговор со вашите контакти.

Исто така во поново време има и посебна иконка која е доста корисна и можете сите разговори да ги имате на дофат на вашиот desktop.

Промовирани огласи »

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, презентира случај на незаконско делување во кој биле вклучени високи функционери од минатата власт. Се работи за изземање на фирми од присилна наплата на долгови, односно 37 фирми биле повластени пред законите кои важеле за сите други.

Во изминативе две години, односно периодот 2015-2016 година, 37 фирми од Скопје и приватни и државни правни субјекти биле отстранувани од постапки за присилна наплата на милионски долгови. Според Лукаревска, станува збор за амнестија за плаќање данок на штета на буџетот на РМ. Лукаревска вели дека никој не смее да биде амнестиран, но и дека не смее да ги открие имињата на фирмите. Таа најави истрага и постапки за дисциплинска одговорност за вработени во УЈП кои биле инволвирани во овие незконски постапки.

Засега само двајца вработени се опфатени со дисциплинска одговорност кои незаконското работење го правеле во информатичкиот систем.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »