Како споделувате информации со вашите колеги или пак бизнис партнери? Телефонските разговори и праќањето на писма оддамна изумреа, пред се поради трошоците кои ги носеа на компаниите низ светот.
Се чини дека бизнисите живеат online, па така и алатките за комуникација се преместија во online светот.
KARIERA.mk ви предложува неколку начини за комуникација и споделување на фајлови кои морате да ги пробате.
SKYPE
Skype е алатка која навистина го измени телекомуникацискиот свет. Со гласовни и видео повици, како и чет системот, трансфер на фајлови и конференциски повици Skype стана алатка која мора да се поседува и користи од страна на претприемачите.
Големиот број на бесплатни сервиси може да ги намалат бизнис трошоците и што е најважно, едноставен е за користење.
GOOGLE DOCS
Google Docs во подобрена верзија се чини дека повеќе внимание дава на соработка помеѓу група на луѓе. Сега истовремено може повеќе соработници да работат на еден документ без разлика дали е табела, текст или некоја презентација.
Доколку имате интернет, немате средства за лиценцирање на MS Office ќе претставува доследна бесплатна замена за Вашите бизнис решенија и во некои случаи дури и подобра.
DROPBOX
Dropbox e место за сигурно чување на различни документи и претставува солидно средство за еден бизнис. Бесплатната верзија е ограничена до 2 GB простор.
Преку овој програм можете да споделувате фајлови со други партнерски компании или пак со вашите колеги од дома или од вашето работно место со споделување на само еден линк.
HANGOUTS
Прилично едноставен систем за разговор и брзо комуницирање низ канцеларијата. Штом се логирате на вашиот gmail од левата страна ви се појавува можност за разговор со вашите контакти.
Исто така во поново време има и посебна иконка која е доста корисна и можете сите разговори да ги имате на дофат на вашиот desktop.