Се чини дека половина од денот го посветуваме на работата и се помалку време имаме за нашите најблиски и за самите себе. Во нашата држава се работи најмалку 8 часа дневно а се повеќе се забележува работење над 8 часови кое не е регулирано со платен надоместок.
Според едно истражување кое е направено на 600.000 луѓе, откриено е дека оние кои работат над 55 часа неделно имаат дури 33% шанса да добијат срцев удар, одошто оние кои работат 35 – 40 часа неделно.
Шведска одлучила да се води по ова истражување и да воведе стандардно 6-часовно работно време.
Мислам дека никој не може да биде продуктивен цели 8 часа дневно. Никој не може да остане фокусиран. Досега на нашите вработени им дававме простор да се релаксираат меѓу часовите за да можат поефективно да работат, но сега воведовме 6-часовно работно време, бидејќи важно е секој од нас да има време кое ќе го поминува со семејството и во кое ќе се посвети на личниот развој– вели Лајнус Фелдт, извршниот директор на Filmundus.
Откако оваа компанија го заменила стандардното 8-часовно работење за 6-часовно, забележале зголемување на продуктивноста и среќата на вработените.
За да има ефект и да не се наруши продуктивноста на компанијата, извршниот директор ги замолил во текот на тие 6 часа да ги избегнуваат социјалните мрежи и ги скратиле состаноците.
Фелдт изјавува дека продуктивноста на работниците значајно се зголемила, а самите работници се посреќни и поодморени.
Во Шведска ова не е единствената компанија која започнала да воведува 6-часовно работење, а ниту една досега не изјавила некакви проблеми.