Промовирани огласи »

Размислувате до кога ќе останете на вашето работно место?

KARIERA.mk ви ги претставува работните позиции кои сепак нема да бидат заменети заради некои ситни причини.

Оние кои вршат дејности кои ќе бидат за скоро заменети, слободно погледнете на нашиот сајт и аплицирајте со само еден клик на активните огласи кои ги објавуваме секојдневно :)

Промовирани огласи »

Во поново време, нашите e-mail сандачиња се повеќе се полнат со електронска пошта со рекламна содржина.

Можеби во почетоците на виртуелниот свет, овој начин бил навистина успешен во делот на информирање или пак рекламирање, меѓутоа според многу истражувачи во поново време се чини дека ваквиот начин за стигнување до клиенти, некако веќе не е тоа што беше.

KARIERA.mk издвојува неколку причини зошто освен email известувањето или пак рекламирањето треба да посегнете и по некој друг начин на маркетинг:

  • Прво, филтрите на интернет сервис провајдери како Gmail, Yahoo и други кои ги класифицираат пораките во несакани пораки како Junk или Spam.
  • Второ, тука се филтрите на самиот примач на пораката кој се подготвува автоматски и кој обезбедува да бидат прикажани само пораките кои навистина сака да ги прима.
  • Tрето, филтирите кои ги поседува самиот примател при што кога ги скенира добиените пораки веднаш ги брише без отварање пораките кои не сака да ги чита.

Промовирани огласи »

Прославуваме 40.000 прикачени CV и над 1.000 компании во нашата KARIERA.mk мрежа на соработка.

Нема поголема радост од растењето на бројот на апликации и бројот на компании за соработка!

Тимот на KARIERA.mk денес наздрави за одлична соработка со 1.000 компании од регионот кои беа во потрага по квалитетни вработени преку нашиот сајт и 40.000 корисници кои ги прикачија своите CV и аплицираа на нашите огласи!

Не престануваме да броиме, се додека не ја најдеме вистинската работа за тебе!

Промовирани огласи »

KARIERA.mk сака да сподели со вас неколку нешта кои ве враќаат од патеката да станете милијардери.

Едноставно за да станеш милијардер освен посветеност, среќа и едуцираност треба да ги поседувате и овие нешта:

1. Не разбирате како функционираат парите

Парите не се комплицирани, но и покрај тоа вие не разбирате како фунционираат.

Вие мислите дека пари ќе имаш само доколку работиш напорно, но милионерите секогаш смислуваат различни начини како да дојдат до нив со помалку работа и како истите постојано да кружат во нивниот живот.

2. Не ја цените едукацијата

Сигурно изговор е вашата работа од која немате време да прочитате книга, весник или било што кое може да ве едуцира повеќе околу животот и како да си го подобрите.

Милионерите не го прифаќаат изговорот нема време, кај нив секогаш се наоѓа време, бидејќи реално ако сакаш ќе најдеш време за сè, а едукацијата е вредна за еден час од твоето време, нели?

3. Не штедите

Мислите дека милионерите се милионери бидејќи се расфрлаат со пари?

Не, тие се милионери бидејќи го штедат секој денар, цент, долар, евро, ама баш секој, наместо како вие кои трошите се што имате заштедено на непотребни работи.

4. Не инвестирате

Не се важни само парите за да бидете милионер, важни се и останатите финансиски средства како имоти, хартии од вредност, земјишта и слично.

Доколку сте доволно паметни да заштедите и да купите некое од овие средства, милиони може да добиете многу лесно, но начинот на кој што ќе го направите тоа треба да го смислите сами.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »