Промовирани огласи »

На вашето работно место константно се зборува позади грб за другите колеги и не се чувствувате пријатно, не озборувајте и  вие!

Ако сакате нешто да се промени, започнете од вас. Постојат многу причини поради кои што треба да ставите крај на оваа лоша навика.

Озборувањето ја уништува репутацијата и на озборувачот и на озборуваниот

Со озборувањето вие повредувате нечии чувства. Ако си изградите имиџ на озборувач, луѓето ќе имаат помала доверба во вас.

Може ненамерно да предизвикате конфликт

Ако вие озборувате, поголема е веројатноста да станете мета на други озборувања. Колку и да ви изгледа примамливо озборувањето со колешките, оставете го за по завршувањето на работното време и за во друштво со луѓе кои добро ги познавате. Колку и да мислите дека колегите ве почитуваат и дека во нив може да имате доверба, не е исклучено еден ден непријатно да ве изненадат.

Внимавајте што зборувате

Понекогаш дури и да немате намера да озборувате, вашите зборови можат да бидат погрешно сфатени. Некои луѓе се склони од секој разговор да си направат настан и лажно да го пренесат понатаму.
Пред да ја отворите устата, добро размислете што ќе кажете, затоа што најверојатно истиот разговор ќе стигне и до други уши.

Извлечете се ако некој започне да озборува во ваше присуство 

Доколку започне невкусно озборување во ваше присуство, најдете изговор да се оддалечите од озборувачот. Кажете му дека имате работа или дека сте заборавиле да направите нешто важно.

Научете се да не возвраќате на провокации

Држете се понастрана од луѓе кои со својот разговор сакаат да иницираат озборување. Таквите личности најчесто провоцираат со неколку реченици и потоа оставаат другите да ја преземат топката. Ако се најдете во таква ситуација, едноставно не велете ништо. Оставете го озборувачот да заврши и без коментар за озборувањето најдете начин да се разделите.

Промовирани огласи »

Од 20 до 24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното „Виноскоп 2017“.

Локацијата, како и минатата година, ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, а на фестивалот ќе учествуваат најдобрите македонски винарници. „Виноскоп“ ќе понуди петдневно будење на сите сетила – уживање во пијалакот на боговите, разновидни вкусови, разни бои и мириси преплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

Мотото на годинешниот „Виноскоп“ е: „Да ја дочекаме есента заедно!“

Промовирани огласи »

Добитничката на вртоглави 758 милиони долари американска лотарија Пауербол е Мејвис Ванчик (53) од Чикопиј во Масачусетс, медицинска работничка и мајка на две деца.

Среќните броеви 6,7,16,23 и 26 и Пауербол бројот 4 се извлечени во 10.59 вечерта по локално време.

„Имав сон и конечно се исполни“, рекла Мејвис.

Промовирани огласи »

Разговорот за платата е нешто што на никој не му е омилено, меѓутоа секако е важно.

KARIERA.mk ве насочува како да го водите разговорот:

Конкурентност во преговорите
Секој спортист знае што да прави за да победи во играта. Така и вие, наведете ги вашите цели и силно притискајте додека не го добиете тоа што го посакувате.  Насочете го разговорот кон вашата различност и станете конкурентни со другите колеги.

Уверливото зборување
Вашиот шеф нема да ви даде покачување на платата, едноставно затоа што го прашавте еднаш. Наместо тоа, вашиот шеф треба да знае зошто вреди да ве плати повеќе. 

Размислете колку долго сте работеле за вештините што сте ги стекнале на патот со она што сте денес? Секоја вештина што ја имате е вредна и треба да се плати. Потоа погледнете во иднината. Што мислите дека ќе направите за една година? Што пак за 5 или 10 години? Спомнете ги сите елементи кои ве прават вреден работник и поразлични од колегите.

Плата според заслуга
Образованието е една од клучните детерминанти на платата. Ако сте добиле нови квалификации и обврски, многу е логично и да побарате нова плата врз основа на промените.

Искреност и автентичност
Можеби мислите дека вашиот работодавец не се грижи за ништо,но и тој е човек и може да осети искреност и посветеност.

Флексибилност
Многу луѓе мислат само за преговарање за нивната основна плата. Меѓутоа, во текот на разговор за вашите примања, обврнете внимание и за другите работи како:

  • Екстра одмор или лични денови
  • Флексибилност за работа од дома во капацитет со скратено работно време во текот на неделата
  • Службено возило и телефон

Размислете кои области се важни за вас, и вашите способности за флексибилност може да се исплатат.

Барањето за зголемување на платата може да биде искуство со нервни проблеми, но не треба да се плашите од идејата. Пристапете кон вашиот работодавец со доверба и јасни факти, и нема причина да мислите дека нема да добиете покачување на платата што ја заслужувате.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »