Промовирани огласи »

Добитничката на вртоглави 758 милиони долари американска лотарија Пауербол е Мејвис Ванчик (53) од Чикопиј во Масачусетс, медицинска работничка и мајка на две деца.

Среќните броеви 6,7,16,23 и 26 и Пауербол бројот 4 се извлечени во 10.59 вечерта по локално време.

„Имав сон и конечно се исполни“, рекла Мејвис.

Промовирани огласи »

Разговорот за платата е нешто што на никој не му е омилено, меѓутоа секако е важно.

KARIERA.mk ве насочува како да го водите разговорот:

Конкурентност во преговорите
Секој спортист знае што да прави за да победи во играта. Така и вие, наведете ги вашите цели и силно притискајте додека не го добиете тоа што го посакувате.  Насочете го разговорот кон вашата различност и станете конкурентни со другите колеги.

Уверливото зборување
Вашиот шеф нема да ви даде покачување на платата, едноставно затоа што го прашавте еднаш. Наместо тоа, вашиот шеф треба да знае зошто вреди да ве плати повеќе. 

Размислете колку долго сте работеле за вештините што сте ги стекнале на патот со она што сте денес? Секоја вештина што ја имате е вредна и треба да се плати. Потоа погледнете во иднината. Што мислите дека ќе направите за една година? Што пак за 5 или 10 години? Спомнете ги сите елементи кои ве прават вреден работник и поразлични од колегите.

Плата според заслуга
Образованието е една од клучните детерминанти на платата. Ако сте добиле нови квалификации и обврски, многу е логично и да побарате нова плата врз основа на промените.

Искреност и автентичност
Можеби мислите дека вашиот работодавец не се грижи за ништо,но и тој е човек и може да осети искреност и посветеност.

Флексибилност
Многу луѓе мислат само за преговарање за нивната основна плата. Меѓутоа, во текот на разговор за вашите примања, обврнете внимание и за другите работи како:

  • Екстра одмор или лични денови
  • Флексибилност за работа од дома во капацитет со скратено работно време во текот на неделата
  • Службено возило и телефон

Размислете кои области се важни за вас, и вашите способности за флексибилност може да се исплатат.

Барањето за зголемување на платата може да биде искуство со нервни проблеми, но не треба да се плашите од идејата. Пристапете кон вашиот работодавец со доверба и јасни факти, и нема причина да мислите дека нема да добиете покачување на платата што ја заслужувате.

Промовирани огласи »

Од Централен регистар на Република Македонија информираа дека од 1 септември ќе имаат ново работно време.

„Почитувани граѓани и корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија, Ве известуваме дека, стартувајќи од 1 септември 2017 година, работното време на Централен регистар ќе почнува во 8 часот, а ќе завршува во 16 часот“, стои во денешното соопштение на Централен регистар.

Промовирани огласи »

Јужнокорејскиот суд го осуди на 5 години затвор милијардерот и потпретседател на индустрискиот гигант “Самсунг” Ли Дзие-Јун, објавија светските агенции. Тој беше прогласен за виновен по покренатото обвинение за корупција.

До случајот дојде откако без откриен големиот политички скандал во земјата, кој довел до импичмент на претседателот. Обвинителството побара 12 години затвор.

Различни аналитичари коментираат дека компанијата во последните месеци доста добро се справило во работата и без неговото учество во управувањето.

Општеството во Јужна Кореја се повеќе ги критикува најголемите компании во земјата поради сомневањата дека тие влијаат врз политичкото раководство.

49-годишниот Ли, кој требаше да го преземе водството на Samsung, негираше дека ги прекршил законите. Тој беше уапсен во февруари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »