Се враќа евтината тарифа на струјата. Токму ова беше повод за вчерашниата прес конференција на премиерот Заев и неговите соработници од овој сектор.
Според надлежните оваа мерка има цел на домаќинствата да им да се овозможи користење на електричната енергија со евтина тарифа од сите категории, особено од потрошувачите кои се загрозени, односно невработените, социјалните случаи, стечајците, пензионерите.
Премиерот Заев за оваа мерка вели дека посебно го радува фактот што пред се ќе се однесува на посиромашните категории граѓани кои во пракса повеќе ја користат евтината тарифа на струјата додека богатите не внимаваат толку на овој факт и не им е толку важно во кој период од денот користат електрична енергија а реакциите на социјалните мрежи го истакнаа токму тоа дека пониската класа повеќе се израдува на мерката отколку повисоката класа граѓани.
Владата проценила и тврди дека сепак со враќањето на оваа мерка во пракса, цената на електрична енергија нема да удри по џебот на граѓанте односно нема да ја зголеми цената.
Во овој поглед надлежните велат дека истата ќе биде компензирана со ефикасна работа која ќе ја спроведат енергетските компании.
Сепак евтина тарифа на струјата ќе има секој ден од 14 до 16 часот и истата ќе изнесува 2,78 денари за киловат часови, односно ќе биде двојно поевтина.
Во недела како и досега евтина струја ќе има цел ден.
Зошто евтината тарифа на струјата од октомври повеќе ги израдува посиромашните категории граѓани отколку повисоката класа?