Дојде и тој ден, конечно ја променивте вашата стара работа за нешто ново.
Новото опкружување знае да донесе стрес и нелагодност во првите неколку недели. За да се навикнете КАРИЕРА.мк ве советува да постапите на следниот начин:
1. Мислете позитивно и бидете насмеани
За да ви биде успешна транзицијата на новото работно место, многу е важно да бидете мотивирани. Треба да верувате дека ќе има позитивни промени, но и да бидете подготвени за можни недостатоци. Не заборавајте, насмевката ќе ви отвори многу нови врати.
2. Поврзете се со искусни луѓе
Кога менувате работно место, паметно е да се консултирате со оние кои имаат искуство и веќе поминале низ истото. Распрашајте се по пријателите за сите предности и недостатоци на новото работно место.
3. За сè треба време
За новото работно место, покрај целата одлучност и храброст, потребно е и доволно слободно време за совладување на новите вештини и потребно искуство.
4. Искористете го знаењето
При избирањето на нова кариера често се греши бидејќи најчесто луѓето се одлучуваат за работа поврзана со претходната. Не мора секогаш следната работа да биде иста со претходната, сепак убаво е да постои некоја поврзаност.
5. И за крај, уживајте во работата!
Никако не заборавајте на сопствената сатисфакција. Не дозволувајте за повеќе пари да одберете нешто во што нема да уживате!