Промовирани огласи »

Се помалку работа за градежниците од Македонија во странство

Градежните фирми се помалку ангажирани во странство-најмногу договори со Холандија и Германија

Градежниците од Македонија се помалку се бараат во странство. Ова може да се заклучи од фактот дека во првите шест месеци од годинава за 13,9% паднал ангажманот на градежните компании.

Вкупната вредност на  договорени градежни работи во странство изнесува 2.300.778 илјади денари од јануари до јуни покажува статистиката на Државниот завод.

23,9 отсто помалку споредбено со лани изнесува градежната оператива од Македонија или во тој период се изршени градежни работи во вкупна вредност од 757.025 илјади денари.

Градежниците според податоците најмногу биле ангажирани во Холандија и Германија.

Промовирани огласи »

Што проверуваат компаниите на вашиот FB профил?

Пред да ве повикаат на интервју -> проверка на FB

Можеби веќе сте и свесни дека Facebook е дел од нашите животи, сакале или не.

Токму заради тоа, се повеќе работодавци го прифатија трендот за прегледување на потенцијалните апликанти за интервју за работа на Facebook.

Всушност, тоа е простор каде што повеќето луѓе се чувствуваат толку многу слободни што се изразуваат јасно и прикачуваат најразлични содржини и слики.

Според истражување, овие се работите кои ги бараат работодавците при прегледот на вашиот Facebook профил.

Па, откога ќе ги прочитате, што ви останува освен да направите контрола на објавите и да корегирате онаму каде што сметате дека нешто треба да се корегира за да наредниот пат бидете повикани на интервју за работа онаму каде што апллициравте.

1. Непримерни или провокативни фотографи

2. Работи кои укажуваат на тоа дали пиете алкохол или уживате во лесни дроги

3. Лоши комуникациски и правописни вештини

4. Дискриминаторски коментари за други луѓе

5. Било какви информации кои укажуваат дека сте лажеле за нешто во своето CV.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk едукација: Совети за новото работното место

Најдовте нова работа? Ова дефинитивно треба да го прочитате

Дојде и тој ден, конечно ја променивте вашата стара работа за нешто ново.

Новото опкружување знае да донесе стрес и нелагодност во првите неколку недели. За да се навикнете КАРИЕРА.мк ве советува да постапите на следниот начин:

1. Мислете позитивно и бидете насмеани

За да ви биде успешна транзицијата на новото работно место, многу е важно да бидете мотивирани. Треба да верувате дека ќе има позитивни промени, но и да бидете подготвени за можни недостатоци. Не заборавајте, насмевката ќе ви отвори многу нови врати.

2. Поврзете се со искусни луѓе

Кога менувате работно место, паметно е да се консултирате со оние кои имаат искуство и веќе поминале низ истото. Распрашајте се по пријателите за сите предности и недостатоци на новото работно место.

3. За сè треба време

За новото работно место, покрај целата одлучност и храброст, потребно е и доволно слободно време за совладување на новите вештини и потребно искуство.

4. Искористете го знаењето 

При избирањето на нова кариера често се греши бидејќи најчесто луѓето се одлучуваат за работа поврзана со претходната. Не мора секогаш следната работа да биде иста со претходната, сепак убаво е да постои некоја поврзаност.

5. И за крај, уживајте во работата!

Никако не заборавајте на сопствената сатисфакција. Не дозволувајте за повеќе пари да одберете нешто во што нема да уживате!

Промовирани огласи »

Владата ја врати евтината тарифа на струја

Oд октомври се враќа евтината струја

Од октомври стартува евтината тарифа на струјата, мерка што ја вети Владата пред изборите, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

На заедничката прес-конференција во Владата на која присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министерот за економија Крешник Бектеши, Заев рече дека евтина струја ќе има секој работен ден и во сабота од 14 до 16 часот, како и од 22 до 7 часот наутро, а во недела останува досегашната пракса, евтина струја да има цел ден.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, ЕВН Македонија нема да добие субвенција за евтината тарифа на струјата, иако очекувано, ќе бележи загуби.

Домаќинското работење на компаниите ќе биде изворот на средства. Такви заштеди се веќе направани, рече Анѓушев.

Заев и Анѓушев нагласија дека оваа мерка нема да има влијание на покачување на цената на струјата и не се коси со европската регулатива.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »