Промовирани огласи »

Кога зборуваме за неред тука би ги опфатиле и поимите неуредност и хаос. Некогаш поради добри причини, а некогаш поради мрзеливост нередот е присутен насекаде каде одите.

Според истражувањата, жените се сепак понеуредни од мажите.

Понекогаш неуредноста е и симпатична, а понекогаш е и одлика која во очите на другите не прави неодговорни.

Имате преполн подрум?

Подрумот во кој ќе најдете предмети уште од вашето детство говори дека сте сентиментална личност која се поврзува за работите. Затоа наместо да ги исфрлите старите предмети, вие имате навика да ги фрлите во подрумот и да останат засекогаш таму.

Овој тип на личности се плашат да ги исфрлат старите парчиња облека, старите слики, играчките, плашејќи се заедно со нив да не ги исфрлат и своите спомени. 

Имате преполн плакар?

Креативните личности знаат максимално да го искористат плакарот, за на крај да не можат ништо да пронајдат внатре. За вас најважно е просторот околу вас да е среден и да нема потреба постојано да се чисти и уредува.

Плакарот е прекрасен за креативците, нема да погледнат како е уреден сè додека не им дојде и тој преку глава. Иако тоа им дава простор и време да размислуваат повеќе, важно е да се воведе ред и во плакарот. Потсвесно ќе ве измачува тешкотијата за наоѓање на предметите кои сте ги складирале.

Имате преполна работна маса во кујната?

Ова е карактеристика на грижливите и претпазливи личности. Најчесто вие сте опседнати со потребите и здравјето на семејството, за вас кујната е срцето на домот.

На вашата работна маса мора да има по неколку теглички резерви на храна и зачини. Внимавајте, овој неред еден ден ќе почне да предизвикува стрес и кај вас и кај семејството, па ќе мора да најдете соодветно решение.

Имате куп книги и списанија на масичката до креветот?

Тоа се љубопитни и паметни личности! За вас читањето до доцна е основа за квалитетен сон, како и можност да научите повеќе нови работи. Но, зошто да бидат повеќе книги кога за една вечер доволна е една книга? 

На крајот, ова беа неколку позитивни страни на луѓето кои оставаат неред позади нив. Тоа не значи дека кога ќе дојдете од работа не треба да почнете со раскревање на барем дел од нередот и да го средите просторот во кој живеете.

Промовирани огласи »

Мајките се полни со совети. Понекогаш сакаме да ги слушнеме, понекогаш не.

Но, кога ќе дојде време да донесувате голема одлука - особено во врска со вашата кариера - советот на мајките често може да ви помогне да ја направите вистинската одлука.

На прашањето "Кој е најдобриот совет за кариера што ти го дала мајка ти?" Ги споделуваме најуваите одговори со вас:

Работи неуморно!

"Можеш да го направиш се она што ќе го замислиш, само не се откажувај". - Дајана Де Ла Круз

"Остани фокусиран и продолжи". - Мајкл Смит

"Ќе работиш напорно - или не. Тоа зависи од тебе, но резултатите се начинот на кој другите ќе ви судат, па можеби ќе сакате да бидете сигурни дека тие ќе го гледаат најдоброто од вас". - Џозеф Браитвејт



Најди ја страста

"Прави го тоа што те прави среќен/на." - Aimee Jalbert

"Не се согласувај ако не мислиш исто така." - Елизабет Вите

"Запознајте ги вашите приоритети и работете за нив". - Meagan Chauvin Kohls

"Работете нешто што ќе уживате и ќе имате страст за тоа! Животот е премногу краток, не заглавувајте на работа која не ви се допаѓа!" - Тања Вотс



Биди добар човек

"Биди добар човек. Има многу простор за сите на светов!" - Ану Растоги

"Биди љубезен и насмеан со сите". - Елен Андерсон

Промовирани огласи »

Имаше време кога 9 до 5 беше доминантен модел на работното време. За жал или пак за среќа овој модел се помалку го гледаме.

Работата од 9 до 5 може наскоро да биде остаток од минатото. Според новите истражувања на CareerBuilder, 73 отсто од работниците во Вашингтон, сметаат дека традиционалниот работен ден од 9 до 5 е минато.

Работниот ден повеќе не завршува кога ќе ја напуштите канцеларијата

Речиси половина од работниците (48%) продолжуваат да работат надвор од работното време - особено мажите (53%) или пак жените (43%)

Околу половина од работниците (52%) ги проверуваат или одговараат на електронските пораки надвор од работа.

Како да направите флексибилно работно време?

Дали ви се допаѓа луксузот на флексибилен распоред? Розмари Хафнер, главен службеник за човечки ресурси на CareerBuilder, ги препорачува овие три стратегии за да го испланирате вашиот работен век, а да имате можност да ги завршите вашите задачи и да се стремите кон чувството на рамнотежа помеѓу работата и животот:

  • Работете според правила: Дури и во флексибилна средина, постојат правила. Тоа може да биде дека ви се дава слобода во однос на кога ќе пристигнете и кога ќе заминете, или, може да има периоди на време кога вашиот работодавач очекува да бидете на терен. Бидете сигурни дека сте свесни за тоа што се очекува и останете во тие граници.
  • Влезете во ритам: Другите во тимот, несомнено, ќе треба да знаат кога доаѓате или си одите. Можеби понеделниците ќе работите од рано наутро, а петок ќе пристигнете подоцна од вообичаено. Добро е тимот да знае каков е вашиот план за работа.
  • Запомнете дека резултатите се најважни: Проверете дали знаете што се очекува да извршите и кога. Уживањето во слободата на само-планирање најдобро функционира кога ќе го уверите вашиот шеф дека се ќе биде извршено на време и дека навистина сте посветени.

Промовирани огласи »

Односот со клиенти е клучниот метод за здобивање на довербата од луѓето.

Токму поради тоа, KARIERA.mk ги објаснува трите вештини кои се најважни за добра услуга и ќе ве однесат многу повисоко кон успехот и задоволството кај вашите клиенти.

Комуникациски вештини

Персоналот за услуги на клиентите е првенствено задолжен да комуницира ефикасно со клиентите. Ова може да има многу форми и може да се оствари преку телефонски разговори, електронски пораки, интеракции во живо или онлајн разговор. Комуникацијата е во суштината на односот со клиенти и овој сегмент не смее да се изостави. 

Како да ги пoдобрите вашите комуникациски вештини?

  • Поедноставување на вашиот јазик за да ги објасните нештата што е можно поразбирливо за секој тип на клиент - побарајте соработници или пријатели да ви помогнат во анализата на вашиот пристап кон сложените теми.

Вештини за решавање проблеми

Решавањето на проблемите е составен дел на секоја позиција поврзана со услуга на клиентите. Мора да бидете квалификувани за аналитичко размислување и евалуација, што ќе ви помогне да го идентификувате и разберете проблемот што го имате.

Ќе треба да ја искористите креативноста и малку иновации за да дојдете до паметно решение. Донесувањето одлуки е од суштинска важност и тука. Не можете успешно да ги решите проблемите освен ако не сте насмеани и позитивни во било каква ситуација.

Интерперсонални вештини

Услугата кон купувачите може да има многу форми, од решавање на јасни технички прашања за да му се помогне на клиент кој се чувствува вознемирен дека облеката што ја купил преку интернет не е бојата која ја очекувал со нешто многу посложено. Без оглед на проблемот, ќе откриете дека емпатијата е непроценлива вештина.

Спротивно на популарното верување, емпатијата не значи дека ќе се чувствувате исто како и другите. Напротив, тоа едноставно укажува на тоа дека може да се идентификувате со човекот кој има проблем и да разберете како се чувствува клиентот за да можете побрзо да му го решите проблемот.

Почитта оди заедно со емпатијата и им покажува на вашите клиенти дека тие ви се на прво место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »