Промовирани огласи »

Уморни сте да ја подместувате кошулата и со рацете да ја ставате назад во панталони или пак во здолниште?

Ова понекогаш може да изгледа навистина непријатно. Токму затоа светот има решение и за оваа бизнис модна мака :)

Промовирани огласи »

Слободан Муфиќ е новинар од Хрватска кој заминал во Шведска. 

Како и други родители, и тој решил да го сподели искуството од шведскиот образовен систем. 

Тој на Фејсбук раскажува дека кога отишол да ја запише во училиште својата 11 годишна ќерка, се зачудил дека како родител не треба да купува ништо, и дека тетратки, учебници, пенкала, ќе добие од училиштето, а на прашањето дека неговото дете не зборува шведски, добил одговор дека ќе научи. 

Од училиштето му одговориле дека за учениците има и обезбедени оброци, а часови по хрватски јазик има во училиште во другиот дел на градот каде со такси може да посетува настава. 

Статусот на овој родител ги натера луѓето да го фалат шведскиот образовен систем, но и да го споредуваат со оној на овие простори. 

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

До 2040 година на Германија ќе и требаат 3.3 милиони стручни работници. 

Ова е голем предизвик за германските компании. 

На среден рок ситуацијата драматично ќе се влоши. 

Стручни работници ќе фалат во сите подрачја затоа што луѓето кои се родени во годините кога имало многу деца сега заминуваат во пензија. 

Иако има намалување на бројот на жители, сепак работната сила до 2040 година ќе се намали за 10%. 

Поради дигитализацијата некои професии ќе го изгубат приматот. 

Но, ќе недостигаат менаџери, научници, лекари, медицински лица и негувателки, а до некаде и оние кои се занимаваат и со креативни професии како што е новинарството. 

Промовирани огласи »

Телекомуникацискиот оператор Вип, дел од Телеком Австрија Групацијата која опслужува над милион и двесте илјади корисници е компанија насочена кон креирање најдобри услуги по најдобри цени. Со инвестиција од 35 милиони евра, Вип изгради сопствена мрежа која обезбедува целосна покриеност со 4Г ЛТЕ.

Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Випги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа и тоа под најповолни услови.

Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само во минатата година Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.

“Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Роденденската понуда за постпејд резидентните и бизнис корисниците е најновата од низата на атрактивни понуди од портфолиото на Вип, која го исполнува даденото ветување – “Повеќе за вас”. Во знакот на десеттиот роденден, сите новии обновени постпејд корисници на тарифните модели Vip Mobile L и Vip Family Hero добиваат  промотивно 10ГБ супер брз 4Гинтернет засекогаш.

Нашето големо Вип друштво е модерно, динамичнои брои над милион и двесте илјади корисници. Тоа е насекаде и секогаш е поврзано со нашата најсовремена мрежа. Горди сме што и овојпат овозможуваме многу повеќе за непречена комуникација на секој поединечно но и што можеме да дадеме голем придонес кон деловниот успех на голем број мали, средни и големи компании во земјава, потенцира Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Паралелно со вложувањето во градењето на партнерски однос со корисниците, Вип и неговите вработени ја продолжуваат традицијата на обезбедување поддршка на спортот, културата, образованието и други проекти од интерес на пошироката заедница. Како пример за ова е поддршката на Македонската ракометна федерација со која Вип го продолжува своето долгорочно партнерство.

10 години повеќе за Вас, Вип!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »