Промовирани огласи »

Истражувањето на Glassdoor  покажува дека за стандардот во различни европски земји, како критериуми се земени и фактори како цените на основните производи и услуги, времето за одмор, трошоците за транспорт и комуналните услуги.

„Бизнис инсајдер“ ги претставува седумте евтини градови за живот во Европа. 

1. Тарту, Естонија

Вториот по големина град во Естонија е најевтиното место за живот во Европа. Овој град уште го викаат и „интелектуалната престолнина“, затоа што е дом на најстариот и реномиран универзитет во земјата.

2. Порто, Португалија

Вториот најголем град во државата е релативно евтин за живот, тука трошоците се околу 70% пониски од оние за жителите на Њујорк (основен град во споредбата на Гласдор).

3. Солун, Грција

Вториот најголем грчки град нуди доволно работа. Тој е и популарна туристичка дестинација.

4. Талин, Естонија

Трошоците за живот тука се многу ниски, особено имајќи предвид дека главниот град е политички и финансиски центар на земјата. А платите растат.

5. Атина, Грција

Грција неодамна забележа дека е надвор од рецесија, и покрај високата невработеност во земјата и должничката криза во последните години, ако имате работа, главниот град е поевтино место за живот во споредба со многу европски градови.

6. Лисабон, Португалија

Просечната номинална плата во Португалија според Гласдор е околу 15 500 евра, но трошоците за живот тука се ниски.

7. Барселона, Шпанија

Градот е и седми по број на населението во Европа. Привлекува професионалци и туристи од целиот свет, но трошоците за живот се уште се на ниско ниво покрај платите.

Промовирани огласи »

Основачот на брендот Зара Амансио Ортега стана најбогатиот човек во светот според листата на списанието Форбс. Изданието ја оценува во реално време неговата состојба на 85 милијарди долари.

Така, 81-годишниот Ортега го „турна" од првото место основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, покажувајќи се по-богат од него со 100 милиони долари. Третото место го зазеде основачот на американската интернет-компанија Амазон Џеф Безос со 82,4 милијарди долари долара.

Ортега ја основал Зара во 1975 година со неговата тогашна сопруга, Росалија. Денес, трговците на Intidex СА ги поседуваат Zara, Massimo Dutti и Pull & Bear. Има повеќе од 6600 продавници ширум светот.

79-годишниот магнат е познат по љубоморната грижа за неговиот личен живот. Во својата кариера даде само три интервјуа. Живее во Ла Коруња со својата втора сопруга, Флора. Неговата прва сопруга, Розалија, почина во 2013 година. Таа беше најбогатата дама во Шпанија. Заедно со Амансио, тие ја имаат ќерката, Марта.

Во септември 2016 година, Ортега го замени Бил Гејтс на првото место во магазинот Форбс. Во принцип, Ортега, заедно со Гејтс и мексиканскиот милијардер Карлос Слим, периодично се менуваат на врвот на табелата.

Рејтингот на Forbes постојано се ажурира, бидејќи во реално време ги известува постојано менувачките податоци на берзата.

Промовирани огласи »

Интернационална конференција „Заедно за праведно вработување: Инклузивен пазар на трудот за инклузивно општество“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на тродневниот фестивал „Денови на разноликоста“.

На конференција, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимоски, претставникот од Делегација на Европската Унија Никола Бертолини, словенечкиот пратеник од Зелените/Европски слободен сојуз во Европскиот парламент Игор Шолтес и други.

Конференцијата се одржува во рамки на тридневниот фестивал „Денови на разноликоста“, проект финансиран од ЕУ, а имплементиран од Студентски културен центар ШКУЦ од Љубљана и Женска Алијанса од Скопје.

Проектот има за цел да ја популаризира улогата и вредноста на различноста во општеството, како и правото да се биде различен, правото на слобода на изразување, културата и уметноста на различни малцинства, како и едуцирање на јавноста и подигање на свесноста за вредноста на почитувањето на различностите како би се осигурале одржлив развој и благосостојба на општеството.

Промовирани огласи »

Седел еднаш одамна еден стар Индијанец и неговиот млад внук пред нивниот вигвам.

Дедото се обидувал што повеќе мудрост и знаење да му пренесе на внукот и така да го подготви за животот кој е пред него. Затоа и му ја раскажал оваа приказна.

-Во секој човек се одвива непрекината битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волка“, почна мудриот Индијанец.
-Како тоа два волка?, прашал внукот.
-Едниот е ЛОШ! Тоа се стравот, гневот, љубомората, лажната гордост, негативноста, алчноста, егото, но и сожалувањето, самобендисаноста, самосожалувањето и вината.

Но, постои и ДОБРИОТ ВОЛК! Тоа се радоста, спокојот, љубовта, надежта, ведрината, добрината, сочувствителноста, великодушноста, вистината и вербата“, го подучувал Индијанецот својот внук.

-И кој волк победува?“, прашал внукот без здив.
-Тој кој повеќе го храниш“, кратко одговорил мудриот дедо.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »