Промовирани огласи »

Интернационална конференција „Заедно за праведно вработување: Инклузивен пазар на трудот за инклузивно општество“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на тродневниот фестивал „Денови на разноликоста“.

На конференција, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимоски, претставникот од Делегација на Европската Унија Никола Бертолини, словенечкиот пратеник од Зелените/Европски слободен сојуз во Европскиот парламент Игор Шолтес и други.

Конференцијата се одржува во рамки на тридневниот фестивал „Денови на разноликоста“, проект финансиран од ЕУ, а имплементиран од Студентски културен центар ШКУЦ од Љубљана и Женска Алијанса од Скопје.

Проектот има за цел да ја популаризира улогата и вредноста на различноста во општеството, како и правото да се биде различен, правото на слобода на изразување, културата и уметноста на различни малцинства, како и едуцирање на јавноста и подигање на свесноста за вредноста на почитувањето на различностите како би се осигурале одржлив развој и благосостојба на општеството.

Промовирани огласи »

Седел еднаш одамна еден стар Индијанец и неговиот млад внук пред нивниот вигвам.

Дедото се обидувал што повеќе мудрост и знаење да му пренесе на внукот и така да го подготви за животот кој е пред него. Затоа и му ја раскажал оваа приказна.

-Во секој човек се одвива непрекината битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волка“, почна мудриот Индијанец.
-Како тоа два волка?, прашал внукот.
-Едниот е ЛОШ! Тоа се стравот, гневот, љубомората, лажната гордост, негативноста, алчноста, егото, но и сожалувањето, самобендисаноста, самосожалувањето и вината.

Но, постои и ДОБРИОТ ВОЛК! Тоа се радоста, спокојот, љубовта, надежта, ведрината, добрината, сочувствителноста, великодушноста, вистината и вербата“, го подучувал Индијанецот својот внук.

-И кој волк победува?“, прашал внукот без здив.
-Тој кој повеќе го храниш“, кратко одговорил мудриот дедо.

Промовирани огласи »

На чело на некоја земја во која владеела долгогодишна и тешка војна, бил поставен многу лош, суров и строг крал.

На заробениците кои биле од непријателската војска, кралот им нудел две опции од кои можат да изберат. Ги затворал во една голема просторија во која на едната страна имало чета стрелци, а на другата страна имало врата која била прекриена со безживотни тела од поранешни затвореници. 

Кралот на сите затвореници им велел: „Можете да одберете: да умрете, така што ќе бидете избодени со стрелите од моите стрелци, или пак да поминете низ оваа врата и да останете во неа затворени засекогаш”.

Затворениците секогаш одбирале да бидат стрелани за побрзо да завршат нивните маки, бидејќи не знаеле што може да им се случи ако како опција ја изберат другата врата зад која не знаеле што има.

Кога завршила војната, еден храбар војник, кој многу долго и чесно му служел на кралот, го запрашал што има зад вратата која ниту еден затвореник не се осудувал да ја одбере како опција.

„Отвори ја самиот вратата и погледни” - му рекол кралот.

Војникот одвај некако собрал храброст и со тешки маки ја отворил вратата. Тогаш, токму во мигот кога ја отворил, го огреал топол сончев зрак по лицето кој од светлината му ги затворил очите. Кога успеал да ги отвори очите, толку многу се изненадил, бидејќи се уверил дека таа врата, од која се плашеле сите затвореници водела кон СЛОБОДА !!!

Војникот со неверување му рекол на кралот: „Секогаш на затворениците сте им давале можност да избегаат и да се спасат од смртта, но тие повеќе сакале да умрат, отколку да ризикуваат да ја отворат другата врата од која се плашеле повеќе и од смртта”.

Следниот пат кога ќе имате опција која ви се чини повеќе ризична, размислете пред да го направите изборот и спротивставете му се на стравот кој е измислена човекова негативна страна.

Промовирани огласи »

Телекомуникацискиот оператор Вип во вчерашниот ден одбележа цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Вип ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа под најповолни услови.

“10 години повеќе за Вас“ е мотото и на новата реклама изработена од агенцијата Меккен Скопје, која во еден здив зборува за посебната приказна на најголемото мобилно друштво во Македонија – “Нашето модерно, динамично, бунтовно друштво денес брои повеќе од 1,2 милиони корисници. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна“.

Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само во минатата година Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »