Промовирани огласи »

Телекомуникацискиот оператор Вип во вчерашниот ден одбележа цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Вип ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа под најповолни услови.

“10 години повеќе за Вас“ е мотото и на новата реклама изработена од агенцијата Меккен Скопје, која во еден здив зборува за посебната приказна на најголемото мобилно друштво во Македонија – “Нашето модерно, динамично, бунтовно друштво денес брои повеќе од 1,2 милиони корисници. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна“.

Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само во минатата година Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.

Промовирани огласи »

Часописот The Journal of Neuroscience пишува дека попладне по завршување на работата луѓето чувствуваат не само физички, туку и психички замор. 

И многу други истражувања покажаа дека во попладневните часови е тешко да се размислува логички, да се донесуваат добри одлуки и да не се прават грешки.

Се смета дека врз основа на овие информации треба да се организира работниот ден. 

За попладне треба да се остават работните обврски за кои не е потребна поголема мозочна активност. 

За поголема концентрација во текот на денот се препорачува и да се вежба. 

Промовирани огласи »

Навистина е тешко да се усогласи кариерата и работните обврски со семејниот живот а уште потешко е да ги вклучиме во сето тоа и нашите пријатели.

Поради недостатокот на време луѓето имаат се помалку време за градење на односи со нови луѓе, но затоа пак, се зближуваат со колегите.

Денес буквално сме присилени да се спријателиме со лицата на работа бидејќи таму поминуваме многу време, добро се запознаваме и знаеме многу едни за други. Сепак, иако тие пријателства се чести, не се така цврсти и искрени како оние од помалите години велат научниците.

Според едно истражување, околу 27 проценти од луѓето својот најдобар пријател го запознале на работа, 11 проценти од нив преку други пријатели, а 10 проценти на факултет.

Секој трет човек, повеќето свои денешни пријатели ги пронаоѓа на работа, а најчеста причина за продолабочување на односот со колегата е недостатокот на слободно време за одржување на старите пријателства.

Промовирани огласи »

Од утре почнува да се применува одлуката за двосменското работење во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање на лични документи, дозволи и слична документација.

Ова значи дека од утре шалтерите во МВР за издавање лични карти и пасоши, Царинската управа, Управата за јавни приходи,  Управата за водење матични книги, во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана ќе работат од 7,30 до 21,30 часот.

Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

Од утре поевтинуваат и услугите на Катастарот за 50 проценти.

Од понеделник, пак е најавено и ново работно време во судовите, кое ќе биде од 7:30 до 15:30 часот, наместо како што беше досега, од 8:30 до 16:30 часот, одлучи Судскиот совет на вчерашната седница.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »