Швеѓанин ја заложи својата заштеда во биткоин и неговата нето вредност „експлодира“ за повеќе од 13.000%.
Шведскиот програмер Александар Ботема бил скептичен за биткоинот, додека не видел иновација со слични импликации на интернет.
Ботема раскажа за Бизнис инсајдер што се случи откако тој вложи во биткоин.
„Јас не сум милијардер уште во однос на шведските круни"- рече Ботема, смеејќи се на телефон.
Тој ги продал сите акции и ги повлекол сите заштеди со цел да купи биткоини во 2013 година.
Во тоа време, еден биткоин имаше вредност од 30 долари. Денес виртуелната валута се проценува на повеќе од 4.000 долари.
Ботема не сака да открие колкави заштеди имал кога првпат инвестираше, но јасно е дека е задоволен од инвестицијата.
Сметам дека тоа е осигурување за пензионирање. Не размислувам за купување повеќе, бидејќи никогаш повеќе не можам да добијам исто враќање на инвестицијата- рече тој.
Александар Ботема израснал во мала заедница во близина на Стокхолм. Започнал да програмира на деветгодишна возраст, користејќи го Apple 2-компјутерот на семејството.
Но, програмирањето не беше доволно.
Во 1991 година почнал да студира компјутерски науки на реномираниот Универзитет во Упсала, каде подоцна продолжил како докторски студии.
Тој се преселил во Стокхолм кога почнал да работи.
Кога компанијата била купена, Ботема и неговите двајца колеги отвориле сопствена компанија.
Пред седум години, Ботема првпат се сретнал со биткоин.
Го отфрлив како нешто неинтересно. Следната година, седев во метрото и во весник на "Метро" прочитав како биткоин се опоравува по несреќата. Не можев да разберам како една валута што е изградена на доверба може да закрепне. Тоа го привлече мојот интерес - вели тој.
Целиот текст можете да го прочитате тука.