Промовирани огласи »

Иако сме возрасни луѓе, сепак некои од нас сеуште се борат со станувањето рано наутро за на работа.

Понекогаш се случува да легнете навремено а наутро да не можете да отворите очи веднаш штом се вклучи алармот. Не се вознемирувајте, на сите ни се случува!

Токму поради тоа KARIERA.mk споделува 5 идеи како да направите будењето да ви биде полесно:

1. Создадете рутина, секој ден будете се во исто време, така што вашето тело ќе создаде внатрешен аларм.

2. Одете порано да спиете, ако имате за цел да се разбудите што порано, така треба и да заминете во кревет.

3. Создајте рутина пред спиење, може да биде книга, релаксирачка музика или бања.

4. Станете веднаш штом алармот ќе заsвони, со одлагање на алармот, нема да  продолжите со квалитетен сон.

5. Пуштете светло во собата, мрачната соба само ќе ве заспие. Пред спиење, кренете ги ролетните или отворете ги завесите. Будењето во соба полна со светло, ќе ви помогне да се разбудите.

Промовирани огласи »

Едно мало девојче живеело во сосема мала, скромна куќа високо на еден рид, си играло во малата градина и растело опкружено со љубовта на родителите.

Кога малку потпораснало и можело да гледа преку оградата, со часови стоело во градината гледајќи ја големата куќа на соседниот рид. Девојчето им се воодушевувало на златните прозорци на големата куќа и посакувало да живее таму, во тој прекрасен дом со златни прозорци.

Секој ден, размислувала како ќе работи напорно за да може да ја купи куќата од нејзините соништа со златни прозорци и големи тераси.

Кога пораснала, еден ден се упатила кон големата куќа неможејќи да дочека да ја види нејзината убавина и раскош одблизу.

Кога се приближила до куќата, разочарувањето било огромно. Куќата била запуштена, а прозорците многу валкани. Немало ама баш ништо убаво кај таа напуштена и осамена куќа, никаква радост, ниеден знак на живот.

Тогаш, сосема случајно, девојчето погледнало на спротивниот рид. Осветлена од сонцето, на ридот гордо стоела нејзината мала, сиромашна куќичка со златни прозорци!

Она за што девојчето копнеело и сонувало, цело време било пред неа. Иако далеку од дома, девојчето можело да ја почувствува топлината на својот дом, радоста и среќата кои доаѓале од нејзината златна куќичка.

Љубовта, топлината на домот создадена од семејството и звуците на смеа и радост се оние кои прозорците ги обојуваат со златна боја.

Наредниот пат кога ќе почувствувате дека она што го имате не е доволно и не сте среќни, само потсетете се на приказната за куќичката со златни прозорци од соништата на девојчето и веднаш ќе се развеселите.

Промовирани огласи »

Уморни сте да ја подместувате кошулата и со рацете да ја ставате назад во панталони или пак во здолниште?

Ова понекогаш може да изгледа навистина непријатно. Токму затоа светот има решение и за оваа бизнис модна мака :)

Промовирани огласи »

Слободан Муфиќ е новинар од Хрватска кој заминал во Шведска. 

Како и други родители, и тој решил да го сподели искуството од шведскиот образовен систем. 

Тој на Фејсбук раскажува дека кога отишол да ја запише во училиште својата 11 годишна ќерка, се зачудил дека како родител не треба да купува ништо, и дека тетратки, учебници, пенкала, ќе добие од училиштето, а на прашањето дека неговото дете не зборува шведски, добил одговор дека ќе научи. 

Од училиштето му одговориле дека за учениците има и обезбедени оброци, а часови по хрватски јазик има во училиште во другиот дел на градот каде со такси може да посетува настава. 

Статусот на овој родител ги натера луѓето да го фалат шведскиот образовен систем, но и да го споредуваат со оној на овие простори. 

Извор - Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »