Промовирани огласи »

Времето е нешто, што за жал не можеме да го ограничиме а уште полку да го стопираме.

Се чини како никогаш да немам доволно време во денот. Сепак, обврските не престануваат и мораме да завршиме се што имаме а меѓу тоа и да имаме време и за нашите пријатели и најблиски.

KARIERA.mk издвојува начини како да се организирате временски подобро:

Ограничете го времето

Колку повеќе ќе го ограничите времето, толку попродуктивни и пофокусирани ќе се чувствувате и помалку време ќе губите на неприоритетни работи.

Ако можете да си дозволите да потрошите само 1 час за купување намирници за дома, тогаш потрошете само 1 час и продолжете понатаму со обрските.

Користете планер

Ако навистина имате многу обврски кои треба да ги завршите, користете планер, виртуелен или некој друг тип, кој ќе ви овозможи да ги распоредите обврските на вашиот календар. Купете некој декоративен планер и носете го во вашата чанта или пак едноставно направете си планер во својот телефон.

Понекогаш е многу подобро да потрошите повеќе време на планирање, а да заштедите време на извршување на обврските отколку да се фокусирате да ги завршите сите обврски одеднаш.

Намалете ги непотребните состаноци

Откако еднаш ќе ги избришете непотребните состаноци кои не се продуктивни и не ве водат кон развој на нови идеи и бизниси, значително ќе се подобри ефикасноста на извршување на обврските.

Исто така заборавете на честите кафиња со луѓето кои ви носат негативна енергија - верувајте ќе се чувствувате многу подобро.

Помогнете им на другите, но не мора веднаш доколку не е толку итно

Доколку некој ве праша за помош околу некој проект, а веќе на вашиот планер имате обврски кои мора да ги завршите што побрзо, едноставно кажете: „Секако дека ќе ти помогнам. Тоа може да го направам до ... (одредете точно време и датум до кога може да го завршите тоа)“.

Промовирани огласи »

По многу многу години светот има нов најбогат човек на сите времиња!

Основачот на Амазон, Џеф Безос стана најбогатиот човек на светот, надминувајќи го Бил Гејтс, благодарение на скокот на цената на акциите на интернет гигантот на берзите, пренесува американскиот магазин Форбс.

Богатството на генералниот директор на Амазон, основан во 1994. година во Сиетл, е проценето на 90,5 милијарди долари, додека компанијата на Бил Гејтс вреди 90 милијарди долари. 

Поголем дел од богатството на Безос е неговото учество во капиталот на Амазон. Безос е сопственик на акции во својата компанија во вредност од 80,89 милиони долари, што е околу 17 отсто од капиталот на Амазон.

Промовирани огласи »

Здружението на текстилна индустрија и конфекција при Стопанската комора на Македонија предлага во текстилната и кожарската индустрија придонесите што се плаќаат за плати од 12.000 до 18.000 денари да бидат исти, односно 5.130 денари колку што сега изнесува придонесот за минималната бруто плата.

Со ваквото решение, сметаат од Здружението, ќе се овозможи зголемување и на платите на работниците кои земаат над 12.000 денари и би се искоренила исплатата на платата во кеш.

Со едно вакво решение би добиле можност за зголемување на платите и на подобрите работници и скоро би се искоренила исплатата на платата во кеш затоа што придонесот ќе се замрзне на 5.130 денари колку што изнесуваат придонесите на минималната бруто плата, истакна Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна индустрија и конфекција.

На денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, Димитров рече дека предлагаат ова да важи три години. Додаде дека сеуште немаат разговарано со Владата, но оти очекуваат во следниот период да се одржат состаноци на кои ќе се направат анализи дали овој нивни предлог може да се примени во пракса.

Од поднесените барања за финансиска помош од државата за исплата на зголемена минимална плата за околу осум илјади работици, како што посочи Димитров, позитивно мислење е добиено само за шест илјади работници.

Една од причините за малиот број на работодавачи кои побарале финансиска помош од државата, според Димитров, е сложеноста на софтверот во Управата за јавни приходи поради што најави дека ќе бараат средба со надлежните во следниот период со цел да се надмине овој проблем.

Очекувањата на Здружението на текстилна индустрија и конфекција за следниот период се поволни, односно како што велат, побарувачката сеуште е значајна и македонските текстилни компании сеуште се интересни за странските партнери пред се поради близината до европскиот пазар и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена.

Промовирани огласи »

WIZZ AIR, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, је претстави новата полиса за рачен багаж, која им овозможува на сите патници да патуваат со еден голем рачен багаж бесплатно.

Патниците автоматски ќе имаат право да донесат едно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23цм и максимум тежина од 10кг кои што се вклучени во цената на картата. Патниците исто така ќе можат да внесат производи купени од фришоп на аеродромот по безбедносните проверки. 

За патниците кои бараат дополнителен рачен багаж, услугата WIZZ PRIORITY им овозможува на патниците да внесат дополнителна торба во авионот која ќе ја сместат под седиштето со максимални димензии 40х30х18см, и гарантира дека нивниот бесплатен рачен багаж ќе биде сместен во кабината.

Услугата исто така гарантира дека својот рачен багаж (55x40x23cm) ќе им биде сместен во областа на кабината. WIZZ PRIORITY, исто така им овозможува на патниците да го прескокнат редот на чекање и да бидат меѓу првите кои ќе се качат во авионот (WIZZ Priority услугата е достапна и за патниците ќе ја одберат WIZZ Go, WIZZ Plus и WIZZ Privilege Pass). 

Јохан Ајдахен, главен маркетинг директор на Wizz Air, изјави: ’’Во Wizz Air, задоволството на патниците е наш приоритет, што е причината зошто ние ги слушавме повратните барања на патниците и сега нудиме голем рачен багаж бесплатно со секој купен билет. Ова е уште еден пример за посветеноста на Wizz Air во обезбедувањето на најдобро искуство за нашите патници, од моментот кога го резервираат својот лет, до слетувањето на одбраната дестинација. 

Нашиот пријателски и професионален екипаж со нетрпение ги очекува новите и редовните патници наскоро".

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »