Промовирани огласи »

WIZZ AIR, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, је претстави новата полиса за рачен багаж, која им овозможува на сите патници да патуваат со еден голем рачен багаж бесплатно.

Патниците автоматски ќе имаат право да донесат едно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23цм и максимум тежина од 10кг кои што се вклучени во цената на картата. Патниците исто така ќе можат да внесат производи купени од фришоп на аеродромот по безбедносните проверки. 

За патниците кои бараат дополнителен рачен багаж, услугата WIZZ PRIORITY им овозможува на патниците да внесат дополнителна торба во авионот која ќе ја сместат под седиштето со максимални димензии 40х30х18см, и гарантира дека нивниот бесплатен рачен багаж ќе биде сместен во кабината.

Услугата исто така гарантира дека својот рачен багаж (55x40x23cm) ќе им биде сместен во областа на кабината. WIZZ PRIORITY, исто така им овозможува на патниците да го прескокнат редот на чекање и да бидат меѓу првите кои ќе се качат во авионот (WIZZ Priority услугата е достапна и за патниците ќе ја одберат WIZZ Go, WIZZ Plus и WIZZ Privilege Pass). 

Јохан Ајдахен, главен маркетинг директор на Wizz Air, изјави: ’’Во Wizz Air, задоволството на патниците е наш приоритет, што е причината зошто ние ги слушавме повратните барања на патниците и сега нудиме голем рачен багаж бесплатно со секој купен билет. Ова е уште еден пример за посветеноста на Wizz Air во обезбедувањето на најдобро искуство за нашите патници, од моментот кога го резервираат својот лет, до слетувањето на одбраната дестинација. 

Нашиот пријателски и професионален екипаж со нетрпение ги очекува новите и редовните патници наскоро".

Промовирани огласи »

Кога вашиот вработен/а се повредил или се разболува и пропушта значајно работно време од работата, може да биде тешко како сопственик да знаете што да направите. Ситуацијата може да биде уште потешка кога е време вработениот/та да се врати на работа по одредено боледување.

Ако немате план за справување со враќањето на вработениот исто како и нивното отсуство, ова може да ве деконцентрира и да бидете помалку ефективни во работењето отколку претходно.

Балансирање одговорности како сопственик

Било кој вид на болест или повреда кај вашиот вработен, без разлика дали се случила за време на работата е чуствителна тема. Очигледно, правилата, законите и специфичниот протокол на комапнијата мора да се почитуваат како и личната страна на прашањето. На една страна, имате задача како човечко битие да сочуствувате и да се грижите за вашите вработени кога тоа им е потребно. Од друга страна, мора да се грижите да процесите течат непрекинато и да се осигурате дека вашите вработени ќе се вратат на работа што е можно побрзо. 

Тенки се границите и на двете страни и постои ризик да бидете или пречуствителен или воопшто нечуствителен ако отидете предалеку на било која страна. Доколку следите одредени правила, истите може да одговараат за една конкретна ситуација, но не и за друга. Оттука, целта е да се осигурате дека повратокот на вработениот и повторното среќавање со компанијата да тече без проблеми и да биде успешно.

1. Имплементирајте „Програма за враќање на работно место“

  • Истражувањата покажуваат дека вработените кои не се на работа повеќе од 12 недели како резултат на повреда на работно место имаат 50% помалку шанси воопшто да се вратат. Додека постојат очигледни нешта кои вие не може да ги контролирате, како сериозни повреди кои бараат неколку месеци на опоравување, една паметна стратегија е да дизајнирате формална програма за враќање на работно место која диктира системски пристап на процесот на реинтеграција на вработените. Оваа програма би го зголемила нивото на морал кај вработениот и ќе им помогне на работниците побрзо да се вратат на работата. Програмата има многу бенефии како што се: заштедува трошоци на тренирање и заменување на работници, го забрзува процесот на лечење за индивидуата, промовира висок морал низ компанијата и го намалува негативното финансиско влијание на повредата или болеста. 

2. Осознавање на финансиското прашање 

  • Кога станува збор за пари, важно е за работодавците да го увидат целосниот трошок на отсуството и да охрабрат отворена дискусија со вработениот/та. Компанијата не е единствената која треба да се справува со финансиски последици, туку и вработениот. Ова посебно се однесува доколку боледувањето не е поврзано со работното место. Подршката и едукацијата на вработените за време кога се соочуваат со медицински кредити може да биде многу значајна за подобрување на моралот на вашиот вработен/а и за охрабрување на сите останати да се фокусираат на работата. 

5. Комуникацијата е клучна

  • Постојаната комуникација од моментот кога почнува боледувањето, текот на заздравувањето на вашиот вработен и до моментот на враќање е многу важно. На овој начин, вие му покажувате на вашиот вработен дека неговите/нејзините барања се остварени во дадените рокови и дека вие како работодавец, се грижите за вашиот вработен/а. 

3. Направете разумни прилагодувања

  • По напорно боледување, поделба на големи одговорности не е паметна или здрава одлука. Како работодавач, потребно е да ја олесните транзицијата и да давата задачи кои може да се извршат во оваа прва фаза, за да се го осигурате вашиот вработен/а дека се грижите за физичкото, менталното и емоционалното здравје.

4.  Земете ја во предвид приватноста

  • По враќањето на работа, вашиот вработен можеби се уште да се справува со некои решливи проблеми или да прима се уште терапија. Можеби прима лекови кои му ја намалуваат моториката или некоја друга слична состојба. Овој вид на прашања не може да ги дискутирате освен ако вработениот/та волонтерски не ве информира за тоа. Во ваков случај, најдобро е да најмите посредник, кој ќе посредува помеѓу осигурителната компанија, здраствената установа, вработениот и вашата компанија. Ова му дава до знаење на вашиот вработен дека останувате професионален до крај и додава доплонително ниво на заштита за сите лица што се вклучени.

Промовирани огласи »

Понекогаш навистина не ни се работи на сите нас. Особено кога позади нас е напорно завршена работна недела.

KARIERA.mk ви дава идеи што да правите, кога немате идеја, не сте фокусирани и не ви се работи:

1. Обидете се да се заинтересирате што работат колегите и дали им е потребна ваша помош за нешто. Ќе се зближите со колеги, а може и ќе направите нешто корисно.
2. Пронајдете он-лајн курсеви за вашата струка или литература која ќе ви помогне да се надоградите.
3. Прочистете го Inbox-от. Избришете ги старите мејлови, организирајте ги по фолдери, средете
4. Истражете го пазарот на работни места. И да ви се допаѓа вашата работа, треба да бидете во тек колкава е потребата од вашата професија и во што да се усовршувате.

Промовирани огласи »

Сонот е нешто што не може да се замени со ништо друго. Кафето и стимулансите можеби краткотрајно може да помогнат, меѓутоа сонот е едно од малкуте работи за кои човековото тело не е спремно за компромис.

Американката Ренди Гарднер постави рекорд за максимално останување будна, без користење на стимуланси од било каков тип. 18-годишната средношколка била будна точно 264,3 часа, односно 11 дена.

Една недела без сон сериозно може да наштети на говорот. Во оваа фаза, човекот кој не спиел не може да извршува многу активности, освен основните. Невроните во мозокот стануваат неактивни, срцето е изложено на поголем ризик од болести, а имунитетот прекинува да ги одбива вирусите.

Најдете време за одмор и одморете било кога ќе ви се отвори шанса за тоа. Освен изгледот кој е очигледно од сликите дека драстично се изменил, не може ни да замислите низ што поминуваат внатрешноста и функциите на еден човек

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »